Курс за фриленсинг

Опис на курсот

Заради слободата која што ја дава, фриленсинг е начин на работа кој изгледа едноставно на прв поглед и многумина посакуваат да го применат, но малкумина го совладале. Целта на овој курс е да ти ги пренесе сите суштински информации кои ти се потребни за да започнеш кариера како фриленсер.

Сега добивате можност да ги запознаете најпознатите платформи кои што нудат работа и можат да ви помогнат како да го стекнете потребното искуство. Овој курс е одличен за почетници кои сакаат да го започнат најновиот тренд на работа и да заработуваат од било каде, во било кое време. Целта на курсот е да овоможи самовработување, а има ли нешто поубаво од независност?

Резервирај го своето место

07.12.2022

Почеток на курсот

Online

Локација

24

Број на часови

9,000 ден

Цена

Резервирај го своето место

Содржина на курсот

Со помош на овој курс ќе имате можност да ги запознаете најпознатите платформи кои нудат работа и можат да ви помогнат да го стекнете потребното искуство. Овој курс е одличен за почетници кои сакаат да заработуваат во било кое време и од било каде.

ilustration

Искористете ја оваа можност и дополнително ќе добиете:

Tips & tricks како до брзо и лесно градење на професионално CV и портфолио

Креирање на добар LinkedIn профил

Self-marketing

Што ти е потребно за курсот?

01

Компјутер и интернет конекција

02

Мотивација и желба за учење

03

Желба за работа во домашни услови

04

Амбициозност и посветеност

ilustration

Добиваш поддршка при изработка на CV, мотивационо писмо и Linkedin профил

Придобивки од фриленс работење:

  • Работиш од каде сакаш
  • Сам си ја одредуваш работната недела наспроти работа од 9 до 5
  • Независност за планирање на работните обвски
  • Имаш можност за финансиска независност и голема заработка
Резервирај го своето место

Нашите предавачи - експерти од индустријата.

Предавачи на курсот ќе бидат искусни, повеќегодишни фриленсери, кои ќе ти ги пренесат своите знаења и искуства

Јулија Груевска

магистер инженер архитект и основач на мултидисциплинарно студио за архитектура, внатрешно уредување и графички дизајн – Студио Џеј-Џи-Еј.

Дел од Семос Едукација како Раководител на Autodesk и Adobe секторот , Autodesk сертифициран инструктор во одделот за крајни корисници и дел од фриленс светот повеќе од 6 години.

Ирена Стефанова

студент на Факултетот за компјутерски науки и инженерство, насока: Компјутерски науки и инженерство.

Работи како фриленсер на UpWork во областа веб и графички дизајн. Во Семос е тренер на Курсот за фриленс.

Андреја Јарчевски

магистер по софтверски инженеринг и телекомуникации.

Повеќе од 10 години е дел од тимот на Семос Едукација каде држи предавања на неколку различни теми. Сопственик e на мала компанија за веб дизајн и дигитални медиуми.

Марко Трпески

дипломиран економист на катедрата за Маркетинг при УКИМ.

Заврши академија за графички дизајн во Семос како студент на генерација. По вокација, графички дизајнер кој 7 години го истражува светот на визуелните метафори и симболи како фриленсер, а сега предава во Семос Едукација на академијата за графички дизајн.

Ивана Чиплаковска

дипломиран психолог со 4 годишно искуство во областа на човечки ресурси.

Кариерата ја започнала како консултант во приватна агенција за вработување, а моментално е Раководител на Кариерниот центар во Семос Едукација и предавач по предметот Планирање и развој на кариера.

Марија Постоловска

дипломиран инженер на факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје.

Скоро 10 години работи во областа на дејност на проектирање и изработка на мебел, како и просторно планирање и организирање. Сертифициран Аутодеск инструктор кој своето искуство и стручност ги пренесува на новите генерации во последните 7 години.

Импресии и искуства од Кариерниот центар на Семос Едукација

Марко Стојановски

Моја препорака до секој кој смета дека може да се види себеси како иден Python Developer е дека треба да престане да се двоуми и да размислува туку напротив, да превземе акција и да аплицира за обука во Семос Едукација.

Теа Јанковиќ

Python е исклучително лесен за употреба со голема поддршка и лесни за интегрирање функции. Програмскиот јазик е лесен за разбирање и читање што им олеснува на почетниците да ја започнат својата кариера за кодирање.

Хабиб Бектеши

За тие што уште се двоумат за кариера како Python developer, би им рекол дека се само еден google search away, за да ги отфрлат сомнежите.

Ивана Костеска

Доколку сте личност што сака да изнаоѓа креативни а истовремено практични решенија, уживате во анализирање детали, пакетот обуки UX Design Specialist во Семос Едукација е правиот избор за вас.

Петар Ѓорѓиоски

Доколку се двоумите да го направите првиот чекор кон програмирањето, ве охрабрувам тоа да биде во Семос Едукација. Инстукторите темелно го покриваат целиот материјал и секогаш се на располагање на слушателот.

Игор Грозданоски

Потребно е само силна мотивација и желба за учење, упорност и трпеливост во исполнување на целта, а на крај вложениот труд ќе се исплати.

Маргарита Здравева

Нема простор за двоумење доколку сте одлучни и отворени за нови знаења и предизвици. Семос Едукација е вистинското место каде можете да стекнете многу знаења од различни технологии и области.

Александра Пенкова Башеска

За оние кои се двоумат за кариера како UX дизајнер и сакаат нивната креативност да биде искористена за иновативни решенија, би им препорачала да го направат првиот чекор и да вложат во себе со тоа што ќе изберат курс за UX/UI дизајн од широката палета на Семос Едукација.

Јован Поповски

Пронаоѓањето на првото вработување во IT секторот е предизвик, помошта ми беше неопходна, а за тоа се погрижи професионалниот тим на Кариерниот центар за што ја имаат мојата благодарност.

Кристијан Стојоски

Со превземање на првиот чекор и вложување на доволно труд, секој може да ја совлада оваа модерна тема и да се издвои на пазарот на труд во една од најбрзорастечките индустрии во светот.

Виктор Ванчов

Доколку имате интерес во оваа област, би ви препорачал да се запишете на Академијата бидејќи таму ќе ги научите потребните вештини за професионална употреба на вештачката интелигенција. Исто така оваа област станува сè поинтересна колку повеќе учите и истражувате за неа.

Се процесира...

Успешно се претплативте на новостите за компании!