слушатели
Мисијата на Кариерниот центар е да биде мост кој ќе ги поврзува компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар и индивидуалците кои се спремни да вложат во доквалификација или преквалификација и да ги реализираат своите кариерни соништа.
Нашата визија се темели на придонес во вработливоста и имплементација на нови трендови на пазарот на трудот.
Се стремиме кон професионален напредок на нашите слушатели и континуирана соработка со нашите компании – партнери. Нашиот ангажман во успешна регрутација на слушателите членови на Кариерниот центар, до сега резултираше со над 400 слушатели препорачани во компании и 320 слушатели кои оствариле кариерен напредок.
Доколку сте компанија во потрага по обучени кадри од IT, HR и креативната индустрија, Кариерниот центар на Семос Едукација нуди идејни решенија за поврзување на квалификувани кандидати од базата на Кариерниот Центар со компании кои имаат потреба од одреден профил за вработување/пракса.
Како наш слушател, од обуките и Академиите на Семос Едукација ќе стекнеш соодветни вештини и знаење потребни за да напредуваш во динамичните и брзо растечки индустрии – IT, HR и креативната индустрија, а Кариерниот центар е тука за да те подготви за успешен старт на нова кариера и да ти помогне да напредуваш на работното место.