Телефон:

+389 75 234 342

E-mail адреса

infokc@semos.com.mk

За кого се наменети услугите
Да се има квалификуван кадар е клуч за успехот на секој бизнис, организација или институција.

Ако си:

Доколку сте компанија во потрага по обучени кадри од IT, HR и креативната индустрија, Кариерниот центар на Семос Едукација нуди идејни решенија за поврзување на квалификувани кандидати од базата на Кариерниот Центар со компании кои имаат потреба од одреден профил за вработување/пракса.

  • Регрутација, тренинг, постојан професионален развој
  • Поддршка во процесот на селекција на идни членови на тимот
  • Препознатливост како општествено одговорна компанија

Како наш слушател, од обуките и Академиите на Семос Едукација ќе стекнеш соодветни вештини и знаење потребни за да напредуваш во динамичните и брзо растечки индустрии – IT, HR и креативната индустрија, а Кариерниот центар е тука за да те подготви за успешен старт на нова кариера и да ти помогне да напредуваш на работното место. Кариерната патека започнува со членството во Кариерниот центар како твоја отскочна даска кон посакуваната работна позиција.

  • Поддршка во процесот на едукација или преквалификација
  • Можност за практично усовршување
  • Олеснување при пласманот на пазарот на труд

Начини на соработка со Кариерниот центар на Семос Едукација

Талент Партнерство

Како компанија која ќе стане Талент Партнер на Семос Едукација во рамки на академиите, ќе имате можност активно да бидете вклучени во процесот на едукација на идните IT/HR/креативни професионалци. Како наш Талент Партнер, Вашата компанија прва ќе има пристап до нашиот Talent pool, ќе ги идентификува новите таленти и ќе може да ги развива во насока на компаниските потреби и вредности.
Вашата компанија ќе има можност за:

Учество во изработка на студентски проекти

Задавање на проект кој нашите студенти ќе го изработат согласно Вашите насоки;

Оценување на проекти

Присуство на презентации на проекти на нашите студенти, зададени од страна на нивни ментори;

Регрутација на студенти

Вклучување на наш студент како практикант или вработен во Вашата компанија;

Премиум Талент Партнерство

Стипендирање на најдобрите студенти, со што станувате премиум Талент Партнери;
Соработка со Кариерниот Центар?

Кои се придобивките?

Компетентен кадар

Нудиме вработени/практиканти кои поседуваат соодветно знаење и вештини;

Препорака на кандидати

Пристап до нашиот Talent pool;

Конкурентска предност

Конкурентност на пазарот;

Помош при селекција и регрутација

Поддршка во процесот на селекција и регрутација на идни членови на тимот;

Општествена одговорност

Препознатливост како општествено-одговорна компанија.
-- Стани талент партнер --
+
препорачани
слушатели
+
вработени
+
пракси
+
компании
соработници
Талент Пул

Талент Пул

Како професионалци со долгогодишно искуство, Ви стоиме на располагање со цел да ви го олесниме процесот на регрутација и селекција на кандидати кои ги исполнуваат вашите критериуми за одредена работна позиција или пракса, како и нивна адаптација во рамките на вашата компанија.

Кандидати, слушатели на курсеви/академии во Семос Едукација од областа на:

  • IT
  • Kреативна индустрија
  • Човечки ресурси
  • Дигитален маркетинг

Кандидати

Како да добиете препорака?

Поднесете барање до Кариерниот центар

Споделете информации за потребните вештини за бараниот профил на кандидатот.

Почнете соработка

Препорачуваме entry-level кандидати и за официјализирање на соработката потпишуваме Меморандум за соработка.

Истражување на база на кандидати и консултација со тренери

По консултација со тренерите кои ги оддржувале обуките, правиме селекција на кандидати кои најуспешно го завршиле курсот/академијата.

Препорака на кандидати

Препорака на кандидати кои се соодветни на бараната позицијата и се мотивирани за работа во компанијата

Фидбек за слушателите

Постојано се грижиме за подобрување на квалитетот на обуките. Повратните информации од Вас како наши соработници имаат големо значење за нас и затоа, како последен чекор, Ве замолуваме за фидбек.
Нашите талент партнери
Новости
  • Настани
  • Rising Star of the week
  • Успешни соработки
  • Успешни приказни
Впечатоци и импресии

Партнерите кажаа за нас: