Обуката ме научи дека константната работа е одлика на успешните IT професионалци
Подготовките за Летните менторски програми на Семос Едукација се во полн ек, воедно и бројот на задоволни учесници се зголемува од година во година, што е доказ дека свесноста за IT вештините и нивната важност за фукнционирањето на бизнисите од сите сфери е присутна кај луѓето од сите возрасти.
Еден од слушателите на Java обуката во рамките на Летните менторски програми е и 24-годишниот Алексеј кој има позитивни импресии од целокупната програма, особено од менторската експертиза и практичата работа на реални проекти. Со цел да дознаеме какви се впечатоците на Алексеј, му поставивме неколку прашања, меѓу другото и ...
Зошто ја одбра токму Семос Едукација ?
Откако детално ги анализирав програмите на тренинг центрите кои нудат слични обуки, дојдов до заклучок дека Семос Едукација ја има најтемелната, најбрзата и единствената програма во државава, која нуди официјални сертификати, признати на глобално ниво.
Зошто се одлучи да учествуваш во менторската програма?
Летото е одличен период за учење нови нешта и добивање професионална сертификација која може да ни послужи како доказ за компетентност и да ни даде значителна предност пред останатите кандидати во процесот на вработување.
Кој е најдобриот совет кој го доби од твојот ментор и дали го пренесуваш на други?
Успешните луѓе практикуваат константно учење и работа вон наставните активности. Конзистентноста, желбата за напредок и вложениот труд се неизоставен дел од секоја успешна приказна, вклучувајќи ги и IT кариерите.
Колку обуката и менторската програма ти помогнаа да стекнеш дополнително знаење?
Содржината на програмата, особено практичната работа многу ми помогна да откријам на кој принцип работат IT компаниите во областа на програмирањето и што да очекувам по вработувањето во таква компанија.
Кои технологии ги користеше во изработка на завршниот проект?
Изработката на завршниот проект беше круна на целокупната обука и вистински предизвик да докажеме што сме научиле во изминатиот период. Меѓу другото, за негова изработка користевме:
Backend: Java, Spring Boot, Spring Security
Frontend: Thymeleaf, Html, Css, Bootstrap, JavaScript
Database: PostgreSQL
Исто така научивме како да го користиме и да работиме со GitFlow.
Кои беа твоите очекувања од менторската програма и дали истите се исполнија?
Да бидам искрен, немав некои големи очекувања, но се испостави дека грешам. Менторската програма беше одлично организирана, постојано имаше домашни задачи и дополнително надградување на наученото, што мене посебно ми се допадна.
Каков совет би им дал на оние што размислуваат дали да се запишат на менторска програма во Семос Едукација?
Мојот совет до сите идни програмери би бил: Искористете на шансата за делумна стипендија од Летните менторски програми која се нуди еднаш годишно и научете да програмирате ова лето. Менторите во Семос Едукација имаат големо искуство и може многу да се научи од нив, а бенефитот од нивните совети е навистина огромен.̋ Посебно ми се допаѓа тоа што Кариерниот центар нуди големи можности при вработувањето и ги препорачува своите кандидати на некои од најзвучните имиња на пазарот.