Благодарение на посветеноста на Кариерниот центар во моментов сум на платена пракса во прекрасна компанија
Позитивните искуства на слушателите од обуките кои Семос Едукација ги спроведува заедно со АВРСМ се сè побројни, а резултатите од обуките се нови знаења, нови пријателства и најважното, можност за пракса или потенцијално вработување. Една од успешните слушатели кои добија тотален престврт во кариерата е и Катерина која од Музичка Академија, премина во IT областа и по краткотрајната но продуктивна обука, доби платена пракса во СИМТ. Си поразговараме со неа за искуството од обуката за System Administrator која Семос Едукација ја спроведе заедно со АВРСМ.
Зошто Семос Едукација?
Одбрав Семос Едукација бидејќи е еден од водечките едукативни центри за информатичка технологија во Македонија и ми беше добро позната репутацијата од луѓе кои веќе имаат посетувано курсеви таму, но и бидејќи е единствениот едукативен центар кој нуди можност за бесплатни обуки преку АВРСМ.
Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?
Најдобриот совет кој го имам слушнато е да аплицираме за работа дури и онаму каде не бараат работници во моментот и да продолжиме да се надоградуваме, бидејќи има новости скоро секој ден. Упорноста еден ден ќе се исплати, само доколку постојано работиме на себе и на своите вештини.
Како одлучи да станеш System Administrator?
Како некој што прави кариерно преусмерување, од Музичка Академија на IT, апсолутно не бев навлезена во тоа какви смерови и работни позиции може да понуди IT секторот. По консултации со луѓе кои веќе работат и се навлезени во таа индустрија, дојдов до знаење дека е една од најважните позиции во скоро секоја фирма, а и одлично е платена.
Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?
Семос Едукација ми беше отскочна даска, вовед во Систем Инженерството за мене, предавачите беа одлични, концизни и изобилуваа со знаење од својата област. Навистина не можам да издвојам што ми остави најголем впечаток, сè беше во склоп на највисоките стандарди во поглед на IT едукацијата.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Благодарение на посветеноста на Кариерниот центар во моментов сум на платена пракса во една прекрасна компанија.
Од што си фасцинирана во моментов и како тоа го вклопуваш во работата?
Фасцинирана сум од тоа колку многу е потребно да се научи за да се стигне до една точка каде може веќе релативно самостојно да се работи.
Каков совет би им дала на оние кои моментално бараат работа како System Administrator?
Доколку сте амбициозни, работите добро под притисок, се стремите кон постојано надоградување и ги следите IT трендовите во светот, можеби Систем Инженерството е за вас.
Пријавувањето за АВРСМ обуките е во тек. Бројот на местата за секоја IT обука е ограничен. Пријавете се и обезбедете си место за БЕСПЛАТНА обука преку АВРСМ, организирана од искусни предавачи од Семос Едукација. Обучете се за добро платена професија, без никакви додатни трошоци и добијте можност за платена пракса во некоја од најдобрите компании.