CareerUP со Иван Златановски – студент на Академијата за Software testing
Кој е Иван Златановски? Зошто се одлучи токму за Академијата за Software testing на Семос Едукација?
Иван Златановски е профил со различен background и тоа не од потреба да се пронаоѓам себеси туку напротив, темпераментен сум и секогаш сум покажувал интерес за повеќе активности и области како професионално ватерполо, ПР и менаџмент, активно членство во неколку студентски организации и секако интерес кон технологијата и ентузијазам кон гејмингот 😊
Со текот на времето и со зголемувањето на работните обврски, дел од тие активности се намалија и дадов приоритет на одредени насоки и цели како што е надградувањето во делот на Software testing на повисоко професионално и практично ниво.
Која беше твојата претходна работна позиција, а која е сега (Во која компанија работиш)?
Со оглед на тоа што веќе поседував одредени теоретски основи (иако базични) во однос на Software testing, стартував и работев во 24 Mondiale како Manual Tester – тоа е социјална платформа за остварување networking и изразување на ставови и политички дебати со акцент на основното начело загарантирано изразување на личните убедувања, ставови и мислења во однос на политичките случувања во светот.
После интензивното, но истовремено одлично и забавно искуство во едномесечниот Bootcamp организиран од страна на посветениот тим и ментори во семејството на RLDatix, бев избран да се приклучам на компанијата на позицијата Associate Test Automation Engineer која ја работам речиси една година.
Како го искористи знаењето стекнато во Семос Едукација, за да го превземеш следниот чекор во кариерата?
Мојата максимална посветеност на Software testing академијата и желбата за надградување во таа област дефинитивно беа клучни и сè уште се во остварување на целта. Секако, одличната и сеопфатна програма на академијата, проектите и вончасовните задачи и активности беа од огромна помош.
Кога на тоа ќе се додаде и искуството и менторството на деталниот и посветен ментор Фисник Доко, дефинитивно сметам дека имавме целосен пакет за успех. Од нас зависеше дали ќе го искористиме тоа!
Факт е дека имаше моменти кога беше понапорно, но сепак свесен сум дека усовршувањето и навлегувањето подлабоко во однос на Software testing ќе чини дополнителен труд, време, енергија, но со силна волја, желба и концентрација секако дека е остварливо.
Без мака нема наука. 😊
Што би им препорачал на сите они кои сакаат да направат career switch?
Храброст за промена, дисциплина — затоа што факт е дека мотивацијата некогаш е поголема, а некогаш не, желбата за остварување на целта и максимална посветеност се клучни за успех.
Сè е остварливо ако се сака! Секогаш можеме да научиме нешто ново!
Знаењето стекнато на Академијата ми овозможи да станам дел од тим на професионалци, посветени и одлични ментори и луѓе со кои имам одлична комуникација и забавни моменти. Верувам дека сум во тим и компанија каде имам одлични услови за понатамошно надградување и напредок.