CareerUP со Иван Златановски – студент на Академијата за Software testing
Која беше Вашата претходна работна позиција, а која е сега?
Имам повеќе од 10 години работно искуство во компании од приватниот сектор, поголемиот дел од нив – интернационални. Искуството го стекнав на неколку работни позиции и тоа во администрација (како office manager и финансиска администрација) и маркетинг. Со маркетингот отсекогаш бев во тесна релација. Почнувајќи од студиите на економскиот факултет, на катедрата за e-business, па се до денес, кога ги користам сите досегашни познавања од ова поле во секојдневната работа. Во мене отсекогаш тлееше желбата да бидам во постојана комуникација со луѓе и некако сè што имам стекнато како знаење да го преточам во работна позиција која ке биде синергија на сегменти од досегашното искуство, но и она што силно го посакувам во мојата понатамошна кариера. Беше предизвик кој бара многу труд и голема желба за напредок и учење.
Денес работам како HR кооординатор во ITS Software Center, IT компанија која што е водечки добавувач на комуникациски решенија за дигитална трансформација на телекомуникациите, транспортот, јавната безбедност и енергетската индустрија.
Вработувањето во оваа компанија за мене беше голем пресврт бидејќи од една страна влегов во сектор кој е доста актуелен и носи многу предизвици, а од друга, секој следен чекор во секојдневната работа ми носи потреба од истражување, ситуации кои бараат многу преиспитување, упорност, совладување на препреки, но и прекрасни нови искуства.
Како го искористивте знаењето стекнато во Семос Едукација, за да го преземете следниот чекор во кариерата?
Академијата за HR во IT која ја посетував во Семос Едукација ми овозможи да ги согледам сите можни аспекти на HR. Да, сите знаеме што претставуваат човечките ресурси и можеме да дадеме дефиниција која отсликува реално што би можеле тие да претставуваат во една компанија, но тука има многу доплнителни сегменти кои Семос Едукација детално ги има разработено. Секако, нивното долгогодишно постоење на пазарот им дава моќ да можат да бидат во тек со сите новитети во индустријата, IT секторот несомнено е поле кое секојдневно се истражува и актуелизира, а тие е се многу добро запознаени со овој факт.
Со помош на Семос Едукација добив уште поголема храброст да се одлучам да направам промени во мојата кариера, бидејќи како поминуваа модулите така станував посигурна во моите знаења а и фактот дека дефинитивно ова е тоа на кое што вистински сакам да му се посветам во иднина.
Што би им препорачале на сите они кои сакаат да направат career switch?
Денешното секојдневие е многу динамично. Кога се работи за кариера, многу работи кои не постоеле во минатото или се сметале за чудни, заплашувачки или невозможни, денес се многу нормални, па дури и неопходно е да се случат. Тука мислам токму на моментот „career switch’“. Кај мене имаше доза на двоумење, стравот од „почнување одново“ на некој начин, но желбата да се успее и да се работи тоа што вистински се сака ги олеснува работите. Навистина, кога ќе се направи промената и кога почнувате да навлегувате во нештата, работното искуство само се збогатува и добивате желба да одите подалеку. Мојата препорака е да се слушате сами себе и цврсто да верувате дека можете да успеете во тоа што сте го наумиле. Нема да излажам и да кажам дека не е потребен труд, но секој труд не може да не вроди со плод. И една многу битна работа: при барање на прво вработување откако ќе се направи оваа промена, потребно е некој паметен ум со визија од другата страна да ги препознае овие аспирации кај една личност, како што ми се случи тоа мене, за што ќе бидам секогаш благодарна.