Телефон:

+389 75 234 342

E-mail адреса

infokc@semos.com.mk

FAQ

Сакаш да дознаеш нешто?

FAQ

Доколку имаш било какви прашања, нејаснотии и дилеми во врска со нашите услуги, прочитај ги одговорите на најчесто поставуваните прашања. Доколку не успееш да најдеш одговор на твоето прашање, пополни ја формата и очекувај брз одговор од нашиот тим.
  • Кој може да стане член на Кариерниот центар во Семос Едукација?
    Сите оние кои успешно завршиле обука (курс/академија) во Семос Едукација можат да станат членови на Кариерниот центар и да добијат поддршка при вработување и пракса.
  • Како да станам член на Кариерниот центар во Семос Едукација и кои се следните чекори во процесот?
    Со пополнување на форма за членство во Кариерниот центар во која ќе ги наведеш своите податоци за контакт и ќе го прикачиш своето CV и портфолио.
  • Кои услуги ги нуди Кариерниот центар (за индивидуалци и компании)?
    За индивидуалци: Поддршка при планирање и развој на кариера, обука за развој на технички и меки вештини, поврзување со нашите партнерски компании, поддршка при изработка на CV, мотивационо писмо и LinkedIn профил, промоција на социјалните медиуми на Кариерниот центар, кариерно советување.
    За компании: Професионален и ефективен одговор на Вашата потреба за регрутација и едукација, пристап до нашиот Talent pool, поддршка во процесот на селекција и регрутација на идни членови на тимот, можност Вашата компанија да стане Премиум Талент Партнер и да ги идентификува и вработи новите таленти, промоција на социјалните медиуми на Кариерниот центар како општествено одговорна компанија.
  • Како компанија, како можеме за започнеме соработка со Кариерниот центар?
    Со пополнување на контакт формата ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим, по што следува закажување и одржување на состанок на кој потпишуваме заеднички Меморандум за соработка. Вашата компанија доставува барање со профили на потребни кандидати за вработување/пракса, а Кариерниот центар Ве поврзува со соодветните кандидати.
  • Како се одвива процесот со препорака на слушатели?
    Откако ќе ја пополниш формата за членство и ќе се пријавиш во Кариерниот центар, следува поврзување со компанија (доколку во моментот имаме барање за твојот профил) и со твоја согласност, те препорачуваме на компанијата (го споделуваме твоето CV и/или портфолио). Следи процесот со компанијата преку контактирање, интервју и оценување и секако, фидбек од страна на компанијата за нивната одлука за вработување или пракса на кандидатот.