Официјално, Ивана е Менаџер на Кариерниот центар во Семос Едукација, а од неодамна и Менаџер на одделот за човечки ресурси во канцеларијата во Србија. Но пред сè, некој кој верува дека секој носи квалитет и потенцијал кој може да го развие. Ентузијаст кој сака да работи со луѓе, да биде сведок и искрено да се радува на туѓиот успех.
Сè започна со една порака на LinkedIn, пред две ипол години кога и Кариерениот центар беше на самиот почеток. Развојот на овој сектор беше голем предизвик но пред сè и креативен процес, исполнет со многу нови идеи и иницијативи.
Нескромно ќе кажам дека имав можност да учествувам во проекти и настани за кои сметам дека се исклучителна реткост за еден млад човек. Имав прилика да соработувам со најголемите професионалци од областа на човечки ресурси, да запознаам млади луѓе полни со ентузијазам за учење кои денеска се сериозни професионалци во својата област и да учам од најдобрите професионалци во областа на едукацијата. Секојдневниот процес на учење е она што ме движи напред и воедно е најголема вредност на Семос Едукација како компанија.
Сè започна со една порака на LinkedIn, пред две ипол години кога и Кариерениот центар беше на самиот почеток. Развојот на овој сектор беше голем предизвик но пред сè и креативен процес, исполнет со многу нови идеи и иницијативи.
Иницијативата беше моја, сметав дека ми е потребен поголем предизвик. Среќна сум што веднаш наидов на позитивен одговор и поддршка од страна на колегите.
Ќе бидам искрена. Не е лесно да се прилагодиш во нова држава, без разлика колку и да сме блиски во култура и менталитет. Сепак, олеснителна околност е што сум повторно меѓу луѓе кои несебично го делат своето знаење и ми даваат безрезервна поддршка. Сметам дека можноста за релокација во рамки на компанијата е огромен бенефит за секој кој размислува за напредок надвор од границите на нашата држава.
Без разлика каде и да се наоѓа канцеларијата во Семос Едукација е секогаш динамично 😊. Сметам дека релокацијата доста ми влијаеше да бидам поотворена кон промени и да гледам на секојдневните пречки како предизвици и можност за учење. На професионален план уште на самиот почеток имав можност да напредувам со довербата која ми беше укажана да превземам нова позиција како Менаџер за човечки ресурси.
Пред сѐ, да веруваат во себе и својот потенцијал. Да бидат носители на промени, нови трендови и да бидат ентузијасти за учење нови работи затоа што во Семос Едукација споделуваме знаење, не само со слушателите туку и во рамки на тимот. И да, навистина не постојат граници за оние кои се спремни за нови предизвици.
Доколку си професионално љубопитен, имаш експертиза во некоја IT област, сакаш да бидеш дел од големо, меѓународно семејство и да имаш можност за меѓународна кариера, Семос Едукација is the place to be.
Аплицирај на hr.semosedu.com и стани наш колега.