Теодора Ѓеорѓиевска – Графички дизајнер во Visual Side
Успешна приказна ни доаѓа од нашиот Талент Партнер – Visual Side каде како Графички дизајнер се вработи Теодора Ѓеорѓиевска, студент на Акредитираната Академија за графички дизајн во Семос Едукација. Поразговаравме со Теодора за нејзиното искуство со Кариерниот центар.
Kажи ни нешто за себе? Која е Теодора Ѓеорѓиевска?
Моето име е Теодора Ѓеорѓиевска, имам 20 години и потекнувам од Скопје. Моментално сум студент и практикант во креативното студиото за дизајн, Visual Side како графички дизајнер. Голема љубов ми е уметноста, па затоа слободното време го користам за традиционално цртање и посетување на изложби.
Како одлучи да станеш Графички дизајнер?
Страста кон ликовната уметноста ја имам од мала возраст, а во последните неколку години сум особено заинтересирана за применетата уметност- Графичкиот дизајн. Поради тоа одлучив да се запишам на Акредитираната Академија за Графички дизајн во Семос Едукација со цел да ги научам и усовршам основите алатки и техники кои се неопходни во оваа област.
Опиши го твоето искуство со обуката и што најмногу ти се допадна од неа.
Имам позитивно искуство со обуката, а тоа што најмногу ми се допадна е што се запознав со нови алатки со помош на кои можам да дојдам до иновативни решенија.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Благодарение на препораката од Кариерниот центар на Семос Едукација, се надградувам себеси и осознавам нови нешта во работна средина со креативни професионалци.
Што би им порачала на младите луѓе и генерално на луѓето кои сакаат да работат во областа на Графички дизајн?
Сите оние кои имаат желба да ја откријат својата креативна страна и професионално да се занимаваат со графички дизајн, ги охрабрувам да го направат првиот кариерен чекор и да се запишат на Акредитираната Академија за Графички дизајн во Семос Едукација.