Александар Гацев - Графички дизајнер во Represent Communications
Кажи ни нешто за себе. Кој е Александар Гацев?
Јас сум 24 годишен љубител на уметност и наука. Го обожавам секој тип на уметност, дигитална или од физички медиум. Мислам дека многу помага создавањет различни типови на уметност со цел подобро себе – разбирање и зголемување на продуктивноста. Исто така, сакам да акумулирам знаења и да ги споделувам со луѓето. Во уметноста, подобрувањето се состои од 80% учење и ова мото ми помогна да се развијам во Графички дизајнер. Некои од темите на кои посветувам најголем дел од времето се уметност, филозофија, психологија, исхрана/спорт и генерални информации за светот и луѓето од различни култури.
Како изгледа еден работен ден на Графички дизајнер?
Утрата започнуваат со многу кафе за фокус во текот на работниот ден, следува дневен бриф со тимот за работните задачи и координација меѓу тимовите. Мојата работа е динамична, исполнета со креативност, слобода за експериментирање во дизајнот и естетиката на креативите кои ги изработувам, затоа слободно можам да кажам дека работата ми претставува задоволство. Моите колеги ме поддржуваат во процесот на адаптација и често ми даваат инспирација во текот на дизајнирањето, па често ги вклопувам и нивните идеи во креативниот процес.
Како Академијата за Графички дизајн ти помогна во секојдевното работење?
Академијата ми помогна на три значајни начини за мојата работа и карактерен развој. Прво, ми ја даде вештината да раководам со програмите кои ми се потребни да ја вршам мојата работа. Второ, ме научија како да размислувам како дизајнер и како да ги пренесам своите идеи во самото дело. И трето, ми покажаа како да размислувам кога станува збор за клиенти, поточно како да им се обраќам и како да ги вклопам нивните барања во дизајн.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?
Професорите, структурата на едукацијата и квалитетот на ресурсите за учење.
Какво ти беше искуството со Кариерниот центар на Семос Едукација?
Професионалноста, ангажираноста и посветеноста на вработените во Кариерниот центар придонесоа кон мојот ангажман во Represent Communications. Постојано достапни за комуникација, активно работеа на тоа да добијам можност да стапам во контакт со компаниите и постојано беа инволвирани во целиот процес на регрутација.
За крај, што би им порачал на оние кои сакаат да ја започнат својата кариера во областа на графички дизајн?
Графичкиот дизајн е индустрија во која има место за секој креативец. Бидете упорни, останете креативни и не престанувајте да работите кон остварување на вашите соништа. Професијата Графички дизајнер нуди неограничени можности за карирен раст – искористете ги и започнете да се развивате во искусни професионалци!