Која е Александра? Со што се занимаваш, која е твојата пасија?
Здраво, јас сум Александра, Магистер на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Моментално работам како Junior Java developer во МАК-Систем.
Како одлучи да станеш Java developer и зошто ја одбра токму Семос Едукација?
По деталната анализа и сите прибрани информации за различни програмски јазици, одлучив дека сакам да почнам со изучување на Java програмскиот јазик, од причина што е лесен за учење, пишување и дебагирање. Се користи за креирање како на веб апликации, така и на мобилни апликации. Бидејќи сакав да го надградам моето претходно знаење од Java програмскиот јазик, решив да ја одберам програмата од Семос Едукација.
Како Кариерниот центар ти помогна да станеш дел од тимот на МАК-Систем?
Кариерниот центар на Семос Едукација соработува со компании кои работат во областа на Java development и токму нивната препорака ми помогна да станам дел од тимот професионалци на МАК-Систем.
Колку обуката ти помогна во она што го работиш денес?
Со обуката која што ја посетував успеав да научам некои нови работи и техники за Java програмскиот јазик кои дотогаш не ги знаев и исто така да го усовршам веќе наученото.
Без што не може еден Java developer?
Без кафе, лаптоп и омиленото IDE. 😊
Рецепт за успех на еден Java developer?
За да се биде успешен Java developer треба постојано усовршување, учење и работа со нови frameworks, алатки, сервиси, како и способноста да се пишува јасен и разбирлив код. Покрај техничките вештини, треба да поседува и способност за менаџирање на задачи, адаптација на различни средини и секако да се биде тимски играч.
Што би им препорачала на оние кои сакаат да ја отпочнат својата кариера во оваа област?
Програмирањето е многу интересна и креативна професија која бара доста учење, посветеност и работа. Сите кои навистина имаат желба да почнат со програмирање, би ги советувала да не се плашат од предизвиците кои ќе се појават во процесот на учење и да не се откажуваат.