Кој е Виктор? Со што се занимаваш, која е твојата пасија?
Јас сум 28-годишен програмер кој порасна во Велес, Македонија. Како човек, она што ме дефинира би било напредок. Се стремам кон подобрување во секој аспект, но, како што знаат повеќето луѓе, животот е премногу комплексен за лесно остварување на сите зацртани планови. Тука влегува програмирањето, со тоа што овозможува автоматизација на комплексни процеси, ослободувајќи време и енергија да се посветам на други работи.
Како одлучи да станеш Java developer и зошто ја одбра токму Семос Едукација?
Не одлучив да станам Java Developer толку колку што едноставно тоа се случи како последица на моето образование. Цело време ми беше потенцирано дека Java е еден од најкористените јазици во програмирањето што резултираше со тоа подобро да се запознаам со неговата примена . Семос Едукација ја одбрав поради програмата која им помага на невработените млади луѓе да добијат бесплатна шанса за стекнување знаење и сертификат во одредена IT област.
Како Кариерниот центар ти помогна да станеш дел од тимот на Семос Едукација?
Кариерниот центар ми помогна да ја добијам тековната работа од која сум многу задоволен и значително го олесни процесот на контакт со работодавачите.
Колку обуката ти помогна во она што го работиш денес?
Обуката беше потсетник за моето стекнато знаење и ми помогна полесно да се подготвам за полагањето на испитот за сертификат.
Без што не може еден Java developer?
Не може да станете успешен Java Developer без способноста да се концептуализира некој објект во природата како состав од повеќе помали објекти, кои самите се составени од други објекти, итн. Тоа е основата на ООП.
Што би им препорачал на оние кои сакаат да ја отпочнат својата кариера во оваа област?
Да прочитаат што е можно повеќе различни извори кои ја објаснуваат оваа област и притоа активно да го применуваат нивното знаење со задачи и решавање на проблеми преку автоматизација на процесите.