Успешните приказни се секојдневие во Семос Едукација. Наши слушатели неретко стануваат дел од нашиот тим како практиканти или вработени, како што е случајот со Илија Ќамилов, слушател на курсеви за Data Analyst кој стана дел од тимот за Дата анализа во Семос Едукација, а со поддршка од Кариерниот центар, сега е дел од тимот на ПроКредит Банка. Во продолжение, прочитајте повеќе за неговото искуство со Кариерниот центар.
Дипломиран правник и магистер по финансии и финансово право кој одлучи да направи промена во својата кариера и да навлезе во светот на анализата на податоци.
Моментално работам во Про Кредит банка токму во оваа област, како дел од тимот за управување со информациски системи.
Мојата пасија е наоѓањето поефикасни и поефективни начини на обработката на податоци преку современите алатки, истовремено користејќи ја својата креативност за да направам подобар визуелен приказ на истите податоци.
Податоците се нешто што е дел од нашето секојдневие, било тоа да е купување во продавница, плаќање сметки итн. Со олеснувањето на нивната обработка, подоцна и нивната анализа, заштедуваме време на сите инволвирани страни во користење на тие податоци, било тоа да е бизнисот или клиентите.
За време на пандемијата, вишокот слободно време решив да го искористам за да научам вештини кои ќе ми овозможат да напредувам во својата кариера. Направив истражување и дознав што најчесто треба да знам од програми и алатки.
Најпрво започнав да ги изучувам некои од алатките сам, меѓутоа после подолго потрошено време без значителен напредок, решив дека ми е потребен сериозен едукативен центар кој ќе ми даде добра насока и ќе ме води низ целиот процес на учење.
Семос Едукација како едукативен центар кој е долго на пазарот беше еден од неколкуте мои избори, но после разговор со секој од нив, пристапот на Семос Едукација најмногу ми се допадна. кариерниот совет кој го добив таму беше навистина искрен и најмногу ми се допадна тоа што тие не отидоа со цел само да си наплатат за нивните курсеви, туку се погрижија за тоа да направам вистински избор.
За мене тоа значеше дека Семос Едукација не ме гледа мене само како извор на приход туку навистина им е важно да научам и да напреднам во својата кариера и својот професионален развој.
Кариерниот центар најпрво ме повика за да бидам практикант во Семос Едукација и ми даде можност практично да научам дел од работата која најпрво тие ми ја пренесоа како знаење и вештини.
Подоцна од Кариерниот центар бев контактиран повторно, но овојпат за да ме препорачаат кај работодавец. Решив таа можност да ја искористам и да се докажам со сите свои знаења и вештини кои ги имам стекнато во меѓувреме.
Семос Едукација е место каде што навистина постои колективен дух и колегијалност.
Во еден работен ден најпрво се разговара се прави размена на идеи и пред да се започне со било каква активност, сите идеи се разгледуваат и секој може да го каже своето мислење и да аргументира за тоа.
Подоцна според предвиденото, секој започнува со своите задачи. Моите задачи се состојат во правење извештаи, обработка на изворите на податоци и пристап на колегите до сите податоци кои им се неопходни за извршување на нивните работни задачи.
Без Семос Едукација немаше да бидам она што сум денес и немаше да го работам тоа што го работам. Ми пренесоа знаење, ентузијазам и мотивација да продолжам да напредувам во тоа што сум го замислил.
Data Analyst не може без логички да ги разбира врските помеѓу податоците но и јазик како SQL и алатка како Excel бидејќи сметам дека овие две се основата за обработка на податоци, врз која што подоцна може да го гради своето знаење со посложени и помодерни алатки.
Да не се двоумат туку да започнат сега и да не одолговлекуваат туку да ја искористат секоја можна прилика.