Стекнав самодоверба и потребни квалификации кои ги применувам во мојата секојдневна работа
Интересот за модерни IT професии кои овозможуваат долгорочна заработка, а за кои не е потребна Универзитетска диплома е сè поголем, особено помеѓу младите но и оние кои посакуваат кариерна промена. Забрзаното темпо на живот и новосоздадените бизниси ја диктираат потребата од IT професионалци на сите полиња. Една од идните квалитетни IT кадри кои произлегоа од Летните менторски програми е и Теодора Николовска, учесник во обуката за Java.
За нејзината одлука да ја започне обуката токму во Семос Едукација, таа вели:
Сметам дека го направив вистинскиот избор бидејќи мислам дека Семос Едукација е докажан Едукативен центар кој ги постави темелите на квалитетно образование и е синоним за успех, квалитет и професионализам во областа на компјутерската едукација.
Зошто се одлучи да учествуваш во менторската програма?
Имам високи аспирации кон IT индустријата, континуирано сакам да учам, да ги продлабочувам и усовршувам своите софтверски вештини, а Летните менторски програми на Семос Едукација го овозможуваат сето тоа и многу повеќе.
Кој е најдобриот совет кој го доби од твојот ментор и дали го пренесуваш на други?
Најдобриот совет кој што го добив од својот ментор е дека потребни се упорност, напорна работа и желба за да се биде добар во она што го правиме.
Колку обуката и менторската програма ти помогнаа да стекнеш дополнително знаење?
Обуката дефинитивно ми ги прошири хоризонтите, стекнав самодоверба и потребни квалификации кои ги применувам во мојата секојдневна работа.
Кои технологии ги користеше во изработка на завршниот проект?
Завршниот проект беше можност за потврдување на стекнатите знаења за време на менторската програма, размена на идеи со колегите-слушатели на обуката и самостојна работа која ја отслика индивудуалноста на секој учесник. Технологиите кои јас ги инкорпорирав во завршниот проект се Java 11 и Spring Boot.
Кои беа твоите очекувања од менторската програма и дали истите се исполнија?
Покрај она што беше вклучено во агендата на Летната менторска програма, благодарна сум што имав можност да ги проширам своите знаења со технологија која иницијално не беше вклучена во менторската програма.
Каков совет би им дал/а на оние што размислуваат дали да се запишат на менторска програма во Семос Едукација?
Би ги советувала сите кои имаат желба да учат IT вештини, да не се двоумат и да се вклучат во Летните менторски програми каде навистина ќе научат многу за релативно краток период. Од свое лично искуство, со задоволство можам да потврдам дека Семос Едукација се вистинскиот избор бидејќи се докажано најдобри во својата област. Како олеснителна околност при понатамошна обука и потенцијално вработување, Кариерниот центар на Семос Едукација е тука за да помогне и да ги поддржи своите кандидати.