Запознајте го Иван Таневски, нашиот амбициозен слушател на обуки за дата анализа кој со поддршка од Кариерниот центар, својот кариерен пат го започна со практикантска работа во истоимениот сектор во Семос Едукација. Денес е дата координатор за податоци во Eos Matrix, а воедно и Microsoft сертифициран тренер во Семос Едукација.
Млад и перспективен Microsoft сертифициран тренер во Семос Едукација веќе 3-та година по ред и дел од тимот на Eos Matrix веќе 2 години. На професионално поле постојано се надградувам со нови знаења бидејќи технологијата е многу брза и мораме постојано да бидеме во чекор со најновите трендови. Огомна пасија имам кон патување и откривање нови дестинации, вежбање и маратонско гледање серии на Netflix.
Во 2020 започнав со онлајн обуки на летна менторска програма за Data Analyst во Семос Едукација. Благодарност до одличните предавачи Дејан Вакански и Зоран Кимов кој беше и главниот „виновник“ за да станам практикант во Семос Едукација, се до полагање на официјалниот испит кога се сертифицирав и за тренер. Во меѓувреме, додека работев како практикант во Семос Едукација, работев и како Data analyst во Ramstore. Во 2021 беа моите тренерски почетоци, а веќе во 2022 предавав Power BI online на странска група. Моето прво предавање во живо се одржа во 2022 во Норвешка каде предавав SQL на интернационална група студенти, интересно искуство кое групата го оцени со највисока оцена за тренер, 5,00! 😊
Три месеци по завршување на обуката во Семос Едукација, работев како Data Analyst во Ramstore каде имав можност да ги имплементирам стекнатите знаења. Искуството продолжив да го надградувам во Teleperformance за сега да работам како дата координатор за податоци во Eos Matrix. Станав дел од тимот Microsoft тренери во Семос Едукација во 2021, веднаш по добивање на тренерската лиценца и навистина уживам да предавам и да споделувам знаење.
Пред да станам тренер, Кариерниот центар на Семос Едукација ми ги отвори вратите и ми пружи можност да работам како part-time практикант. Техниките кои ги научив за време на праксата ги искористив и во понатамошната работа. Практиканството го збогати и моето CV, го прошири моето искуство и ми помогна во процесот на барање работа.
Буквално сè што се учи на програмата за Data Analyst (Power BI) секојдневно го применувам во работата. Автоматизацијата на процесите константно ми излегува во пресрет бидејќи многу побрзо и поефикасно ги извршува дневните задачи и извештаи.
Кариерниот центар ме контактираше бидејќи имав желба професионално да се надградувам и поради практична примена на наученото на обуката. Бев повикан како практикант се до моето сертифицирање, по кое станав тренер на обуките за Data Analyst.
Во работата како тренер во Семос Едукација, најмногу ми се допаѓа тоа што моето знаење можам да го пренесам на луѓе кои сакаат да ја научат материјата и се желни за кариерна промена. Сите Microsoft ресурси се постојано достапни за нас тренерите, што ни овозможува константно да се надградуваме. Дополнително, од прашањата на слушателите може да се научат нови работи или пак да се развијат нови начини на размислување кои ги дебатираме за време на часовите.
Им препорачувам да останат мотивирани и активно да учествуваат во задачите кои ги добиваат. Да бидат иновативни, да ги следат насоките и да креираат сопствени, со цел самостојно да најдат решенија на проблемите со кои се среќаваат во секојдневието.