Разговараме со Елеонора Капсималева, People and Operations Manager во компанијата Virtual 1…
Кои се Virtual 1 Services?
Virtual 1 Services сe телекомуникациска компанија која е прва технологија, изградена од темел за да стане најголемата, најнапредната мрежа само за големопродажба во Обединетото Кралство. Започнавме со работа како клиенти на Causeway Connect уште во 2015 година, за веќе во 2021 година да станеме тим од 50 вработени и да отвориме свои канцеларии во Скопје. Нашите простории се наоѓаат во една од најубавите згради во Скопје, во Бизнис центарот на Флетајрон, естетска, пространа и модерно дизајнирана канцеларија.
Како изгледа еден работен ден во Virtual 1?
Virtual 1 Services е компанија која на вработените им нуди флексибилно работно време и хибриден начин на работа, што значи дека нашите вработени можат да работат од дома кога и да посакаат. Во канцеларија секогаш денот започнува со кафе и муабет, споделувајки најразлични искуства од претходниот ден. Секако после кафето, тековно се извршуваат дневните работни обврски и состаноци, проследени со најразлични идеи за подобрување на процесите во работата. Вработените одмораат и се рекреираат за време на паузата која ја користат кога сакаат или во нашето креативно катче играјки мали пинг понг турнири, ги практикуваат пилатес вежбите за истегнување на нашите пилатес столчиња и посетуваат најразлични работилници за подобрување на нивното ментално и физичко здравје.
Како ја почнавте соработката со Семос Едукација?
Соработката со Семос Едукација започна сосем случајно кога забележавме дека скоро секогаш за нашите отворени работни позиции аплицираат кандидати кои имаат завршено некоја од академиите во Семос Едукација. Тоа за нас беше индикатор дека мораме да ги имаме најдобрите кандидати од прва рака директно во нашата компанија, соработувајки и склучувајки партнерски договор со нив.
Зошто се одлучивте да соработувате со Кариерниот центар?
Семос Едукација е најголемиот и најстариот компјутерски тренинг центар во Македонија, па од таму се роди и желбата да соработуваме со Кариерниот центар. При пребарување на академии од кои произлегуваат квалитетни студенти за нашите позиции, Семос Едукација се покажа како тренинг центар број 1 и наш избор за идна соработка.
Што би им препорачале на слушателите кои посетуваат обуки во Семос Едукација?
На слушателите и идните студенти секогаш им препорачувам да се надградуваат во оној дел во кој сметаат дека ќе бидат најдобри. Истиот да го слушаат и учат со љубов, а не само поради неговата актуелност, бидејќи само така ќе бидат најдобри и ќе ги остварат своите цели. Воедно, никогаш да немаат било какви ограничувања и да се прашуваат дали треба да започнат со слушање на некоја академија затоа што имаат друга професија или можеби ги спречуваат годините или темпото на живот. Академиите постојат за да ви дадат можност да се обучите, да ја промените кариерата, да се развиете лично и професионално и да научите нови вештини.