Разговараме со Емилија Мирчевска, Talent Acquisition Partner во компанијата Crazy Labs, топ 5 гејминг компанија во светот со нови ултрамодерни канцеларии во Скопје. CrazyLabs има 6 канцеларии низ целиот свет, а канцеларијата во Скопје е најголема, со повеќе од 130 вработени, бројка што секојдневно расте, а со тоа ја прави најголема гејминг-компанија кај нас.
Crazy Labs официјално се Талент Партнер компанија на Семос Академијата за Game Development.
Приказната на Crazy Labs започна пред нешто повеќе од 11 години кога ја отворивме првата канцеларија во Скопје со само неколку вработени, а денес веќе броиме 130 вработени во Скопје и повеќе од 400 низ целиот свет и постојано растеме. Нашата визија е да останеме на врвот како светски лидер и иноватор за мобилни игри, а нашата мисија е да продолжиме да постигнуваме високи резултати и да објавуваме нови игри кои ќе постигнат светски рекорди.
CrazyLabs има канцеларии во Израел, Кина, Македонија, Германија, Индија и Украина, и центри за обуки во Индија, Турција, Србија и Израел.
Специјализирани сме за Hyper Casual (Игри што се брзи и лесни за играње, со кратки сесии, можат да се играат безброј пати, што ги прави многу зависни и многу привлечни) и Casual игри (Забавни, малку посложени игри, комбинација на прогресија со разработена богата приказна во позадина) кои прават гордо да се вброиме во топ 5 компании во светот, со над 5 милијарди преземања на игрите и повеќе од 250 милиони активни корисници месечно. Креираме игри од идеја до реализација. Дел од нашите најуспешни игри се „Phone Case DIY”, „Acrylic Nails”, „Tie Dye” , „Miraculous Ladybug” , „Super Stylist” и многу други.
Кој не би сакал да работи во компанија која креира забава? Може гордо да се пофалиме дека од скоро ги имаме најсовремените и најмодерните канцеларии во Македонија на површина од 1500 квадратни метри. Пред сè, ние имаме пријатна работна атмосфера и најважно ни е колегите да го работат тоа што го сакаат, да уживаат и да им биде забавно на работа. Менаџментот се грижи постојано да имаме беспрекорни услови за работа за компанија од светски рамки, како што ни доликува. Обезбедено ни е сè што ни треба за еден работен ден, па така денот во CrazyLabs започнува за секого различно, некој го започнува со кафе, некој со појадок и цеден сок, а некој со утрински тренинг во теретаната која што ја имаме во склоп на зградата за сите наши вработени. Денот продолжува динамично со работа, состаноци, а од сите најомилениот ни е заедничкиот ручек, секоја недела различна кујна со различни теми за разговор. Набрзина до станицата за сладолед да се освежиме и назад на работа.
Имајќи во предвид дека Crazy Labs е единствената голема компанија за креирање мобилни игри во Македонија, често имаме потешкотии да најдеме искусни Unity Game девелопери и Game дизајнери и затоа одлучивме да им дадеме можност и на кандидати кои немаат многу искуство, но сакаат да учат и работат и имаат голем потенцијал кој ние можеме да го градиме. Семос Академијата за Game development е тоа што ни треба, тие им даваат добра основа на сите студенти и го препознаваат потенцијалот кај нив, а ние од друга страна им нудиме можност за одлична кариера во една од најуспешните светски компании за развивање на мобилни игри.
Најпрво, јас сум навистина среќна што во Македонија има Академија за Game Development, бидејќи им дава можност на сите кои сакаат да работат во гејминг индустријата да научат како се креираат игри. Денес, ова е најбрзорастечка индустрија а за жал пазарот има недостаток на кадри, особено во Македонија. Затоа верувам дека од оваа Академија можат да произлезат следните успешни дизајнери на популарни игри.