Кариерниот центар на Семос Едукација беше отскочна даска во процесот на моето вработување
Наташа Димковска е успешен пример за ефикасноста на официјалните Microsoft обуки и за тоа дека посветеноста и упорноста навистина носат позитивни резултати во поглед на кариерните можности и личниот напредок. Таа ги посети обуките Microsoft Data Analyst и Data Science Институт, како дел од овие програми, Наташа имаше можност да се запознае со основите на анализа на податоци, вклучувајќи описна статистика и визуализација и преку работа на реални проекти да стекне hands-on искуство кое ќе и овозможи флексибилност во изборот на кариера. Преку Кариерниот центар успеа да ја добие и посакуваната работа.
Зошто се одлучи токму за Семос Едукација?
Професионалноста и искуството на тренерите, сеопфатноста на програмата и репутацијата на Семос Едукација како тренинг центар со најдолга традиција беа пресудни фактори за мојата одлука.
Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?
Константното и ефективно учење се клучни аспекти ако сакате да си загарантирате сигурен пат кон успехот. „Не се откажувајте лесно и возвратете на предизвиците со уште поголем елан за остварување на зацртаните цели” стана моето животно мото кое го применив и во промената на мојата кариера.
Како одлучи да станеш Data Analyst?
На одлуката да станам Data Analyst, најголемо влијание имаше мојот интерес за проучување на податоците и извлекување значајни бизнис заклучоци од нив. Академското образование на Економскиот факултет го оправдува мојот избор кој се базира на сродноста на Data analytics со економијата и бизнисот но и со IT технологијата, односно дата базите.
Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?
Обуката многу ми помогна преку стекнатото знаење и практичното искуство на реални проблеми со кои и денес се соочувам во секојдневната работа. Oд голема корист ми беа и практичните задачи кои беа дел од секој модул, како и завршните проекти на кои работевме заедно со колегите.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Кариерниот центар на Семос Едукација беше отскочна даска во процесот на моето вработување. Благодарение на успехот и резултатите во текот на целокупната настава, особено во изработените проекти, препораката од страна на Кариерниот центар беше логичен чекор за почеток на мојот работен ангажман во извонредна компанија. Благодарна сум за заложбата на Кариерниот центар кој навистина се труди да ги препознае квалитетите на слушателите како и на оние кои сакаат да направат промена во својата кариера. Вложувањето во своите слушатели, отворените можности за кариерен развој и партнерството со компании кои имаат потреба од стручен IT кадар ја издвојуваат Семос Едукација од останатите.
Каков совет би им дала на оние кои моментално бараат работа како Data Analyst?
Никогаш не е доцна за нови знаења aкo верувате во себе и во својот потенцијал, бидејки со добра организација и вложен труд се е возможно. Менторството на искусните предавачи и трудот на амбициозните слушатели на обуките се добитна комбинација во изборот на нова, перспективна IT кариера.