Запознајте го Дино Јанаќиев, студент од Академијата за Графички дизајн, акредитирана од МОН, генерација 2019/20 кој со поддршка на Кариерниот центар на Семос Едукација успеа да се вработи како графички дизајнер во Represent Communications.
На ова прашање наидував многу често додека ја посетував Академијата, па и сега повремено. Јас велам, „Зошто да не Семос Едукација?“. Програма која е градена со години, усовршуванa и составена од сѐ што е неопходно за да во една академска година се постават темелите на еден графички дизајнер. Потоа, квалитетен кадар на предавачи кои се максимално посветени да го пренесат своето богато искуство во полето на креативата, бидејќи не говориме само за графичкиот дизајн.
И на крај Кариерен центар кој е спремен да ни овозможи солиден старт во индустријата. А позитивните искуства и импресии на студентите од претходните генерации се можеби и еден од круцијалните фактори кои мене лично ме донесоа во Семос Едукација без двоумење.
Иако во една година учење и дружба си кажавме многу корисни совети и листата би немала крај сепак би издвоил нешто што секогаш го разговарам со луѓе кои сакаат да започнат да чекорат по овој пат.
Убедливо најважно од сѐ е да се работи секојдневно и упорно, со максимално посветување и постојано истражување, за да на крај се постигне посакуваниот резултат и да во таа една академска година се постави добра основа на еден графички дизајнер. И иако звучи како клише совет, ова е клучно. Секој изговор кој ќе си го дадеме себеси за да не го правиме ова ни штети исклучиво нам лично.
Па искрено ова не беше одлука која ја донесов преку ноќ. Во светот на креативата сум од 12 годишна возраст кога започнав да се дружам со фото апаратот и некако работите сами доаѓаа една по друга. Самото познавање на софтверите ме донело во ситуација (или две) каде што требало да сработам нешто што понатаму научив дека е работа на графички дизајнер и искрено се пронајдов во сето тоа.
Сфатив дека тоа е нешто што можам и сакам да го работам, дека сакам да го искористам досегашното искуство во полето на фотографијата и истовремено да го спојам со нешто, за мене ново и интересно преку кое ќе можам уште подобро да комуницирам и да пренесам некаква порака.
Како што веќе кажав, желбата за да работам во светот на графичкиот дизајн веќе ја имав, но тоа секако не беше доволно. Сметав дека треба да се стекнам со соодветно знаење од ова поле за да се почнам да се градам себеси во тој поглед. Токму овде Академијата за графички дизајн акредитирана од МОН се вклопи во целата слика, бидејќи работата како графички дизајнер не е само техничко познавање на еден софтвер со кое располагав пред да ја започнам обуката, иако секако и тоа беше добар почеток.
Академијата ме научи како да размислувам уште покреативно пред проектот да го сработам технички, како да комуницирам со клиент и општо како да го испорачам она што го работам, како маркетингот се вклопува во целата приказна како и за различните полиња на кои може да работи еден графички дизајнер.
Покрај знаењето кое го добив, добив и многу појасна слика за тоа што значи да се биде графички дизајнер.
Нема да згрешам ако кажам дека Кариерниот центар на Семос Едукација целосно беше покрај мене по патот кој води до почеток на кариера како графички дизајнер. Дојдов со желба за учење и минимално предзнаење во областа, а си заминав со неколку понуди за работа и едно вработување за кое првиот чекор и конекцијата помеѓу мене и компанијата ги направи Кариерниот центар, и ми овозможи солиден почеток во областа.
Постојано сум фасциниран од моќта на правилно сработено креативно решение што комуницира со одредена маса на луѓе и колку може лесно да пренесе некоја порака. Токму затоа како графички дизајнер секојдневно го барам вистинскиот начин за да изготвам креативи со кои ќе се обратам до одредена група на луѓе, и кај нив ќе ја предизвикам посакуваната реакција.
Да се запишат на Академијата за Графички дизајн акредитирана од МОН на Семос Едукација, и да остават Кариерниот центар да го овозможи тоа за нив. 😊
Се шегувам секако (иако не го исклучувам и тоа како можност) и повторно ќе се навратам на она што го кажав претходно. Работа, упорност и константно истражување даваат резултати и квалитет. А оние кои се стекнале со тоа, лесно ќе го пронајдат својот пат.
Кариерниот центар на Семос Едукација е тука за Вас и потребите на Вашата компанија. Нашиот тим ќе Ви помогне да го заштедите своето време и пари во процесот на регрутација и селекција на квалификувани кандидати. За повеќе детали закажете средба на 075-286-839
За искуствата на слушателите на Семос Едукација, повеќе може да прочитате во делот Успешни приказни на нашиот сајт