Запознајте ја Радмила Гошевска, поранешна студентка на Академијата за графички дизајн која со поддршка на Кариерниот центар на Семос Едукација успеа да се вработи како графички дизајнер во Зегин.
Со какви предизвици се соочуваше пред да одлучиш за Кариерниот центар и Семос Едукација?
Завршив средно образование и поради големата желба да студирам надвор од државата, аплицирав на студии во Љубљана, Словенија, но, за жал или пак за среќа, бев одбиена. Не ми преостана ништо друго туку да најдам друга опција за квалитетни студии. Поради позитивните искуства кои ги слушав од други луѓе за Семос Едукација, решив да се запишам на Академијата за графички дизајн и да аплицирам за работа преку Кариерниот центар.
Како Кариерниот Центар ти помогна да ги надминеш предизвиците или како те мотивираше да ги решиш?
Пријателскиот однос на предавачите и вработените во Семос Едукација и Кариерниот центар, во мене ја разбудија страста кон графичкиот дизајн и за краток период сфатив дека тоа е професијата по која трагам. Предизвиците со кои се соочував претходно станаа минато.
Како Кариерниот центар ти помогна во потрага по нова работа?
Дел од големиот број на соработници на Кариерниот центар беа во потрага по графички дизајнер тогаш кога веќе завршувавме со програмата. Кариерниот центар одговорно нѐ извести сите студенти за отворените работни позиции кај своите соработници и со тоа ме мотивираше да го испратам моето CV и да очекувам следен повик.
Кој беше најкорисниот совет што го доби во процесот на едукација и вработување?
Да ги следам и почитувам грешките, бидејќи само така можам да ги поправам. И пак да грешам. 🙂
Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?
Поради посветеноста која што ја имаат кон слушателите, поради поддршката во решавање на предизвиците и олеснување на процесот за наоѓање на пракса или работа по завршување на студиите.
Каков совет би им дала на други лица соочени со истите предизвици со кои што и ти се соочуваше?
Да не престанат со потрага по своите соништа и амбиции.