Дамјан Стојановски - System Engineer во Smart Solutions
„Кариерниот центар е причината поради која успеав да ја започнам мојата кариера“
Зошто Семос Едукација?
Најмногу поради добрата репутација која што ја следи Семос Едукација, затоа што ми беше препорачана од поблиски пријатели и поради одличниот маркетинг. Информациите кои што ми беа пренесени и од вработените јасно ми ја претставија сликата за како изгледа и што да очекувам од обуката која што ја одбрав.
Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?
Навистина ми е тешко е да одберам бидејќи инструкторот Мартин стварно беше рудник за добри совети.
Како одлучи да станеш System Engineer?
Најмногу по препорака на татко ми кој што исто така има одамна одбрано да слуша и полага курс за Windows Server, и тој ми ја даде идејата за да ја разгледам како опција. По некое време на читање и учење на своја волја одлучив дека сепак доволно ме интересира за да одберам обука со цел да се насочам кон областа.
Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?
Целосно, обуката претставуваше една врата која што ми помогна да отворам нови можности за напредок на професионално поле.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Кариерниот центар е причината поради која успеав да ја започнам мојата кариера и благодарение на нив, започнав да го пополнувам моето портфолио.
Од што си фасциниран во моментов и како тоа го вклопуваш во работата?
Моментално сум баш фасциниран од самата имплементација и ефикасност на Windows Server 2016 во една работна околина и сметам дека со работата која што ја работам имам прилика да видам многу различни нејзини имплементации и поради обуката сметам дека немам потешкотии за да се снајдам во непозната околина.