„Кариерниот центар на Семос Едукација ми помогна при пронаоѓање на пракса“
JavaScript e еден од најпознатите програмски јазици. За да бидеш програмер, мора да го знаеш овој програмски јазик бидејќи тоа е суштински дел на програмирањето. Javascript е уникатен јазик поради целосната интеграција со HTML/CSS, едноставните работи направени на едноставен начин, како и поддршката од сите веб пребарувачи.
Ја споделуваме успешната приказна на Петар Ѓузелов, студент на JavaScript Академијата во Семос Едукација кој стекнатото знаење го применува во компанијата каде што со поддршка на Кариерниот центар започна со пракса.
Зошто се одлучи да ја посетуваш JavaScript Академијата во Семос Едукација?
Затоа што се најдобри во Македонија, затоа што има голем број на задоволни и успешни слушатели, а добриот глас брзо се шири 😊
Кој е најдобриот совет што го слушна на академијата и дали го пренесуваш на други?
Нема проблем што не може да се реши, а доколку заглавите некаде прашајте го „Google” за помош.
Како одлучи да станеш JavaScript developer?
Кога почнав да размислувам што сакам да работам, разгледував и други технологии но некако програмата за Full-stack JavaScript developer ми изгледаше најинтересна и беше најблиску до тоа што го имав замислено.
Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?
Со оглед на тоа дека имав само основни познавања од програмирањето, ЈаvaScript Академијата на Семос Eдукација ми беше од огромна помош во она што денес го работам, ми помогна да навлезам подетално во React/Node светот, односно ми даде насока кон што треба да се стремам во иднина.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Кариерниот центар се ангажираше за мојот понатамошен напредок и ми помогна при пронаоѓање на пракса.
Од што си фасциниран во моментов и како тоа го вклопуваш во работата?
Фасциниран сум од тоа како постарите и поискусни програмери размислуваат и ги решаваат проблемите. Следејќи го нивниот пример, се трудам секојдневно да научам и применам нешто ново.
Каков совет би им дал на оние кои моментално бараат работа како JavaScript developer?
Да бидат упорни пред сè, да одвојат малку повеќе време за учење и надградување на своето знаење и на крај упорноста и трудот ќе им донесат работна и лична сатисфакција.