Приказна за еден Инженер по Геотехника кој во моментов работи како Python developer во Stonebrunch
Сашка Велковска е Инженер по Геотехника кој реши да направи промена во својата кариера со летната менторска програма за Python Backend Web Developer, а со поддршка на Кариерниот центар во моментов работи како Phyton девелопер во меѓународната компанија Stonebranch.
Кога сфати дека време е да тргнеш во ова кариерна насока?
Откако одредено време работев на проекти во струката која што ја избрав, сфатив дека програмирањето е нешто што е интересно за мене и ме влече, па се одлучив да се насочам кон учење на програмирање.
Зошто Семос Едукација?
Се одлучив за Семос Едукација откако претходно истражив и разговарав со студенти од повеќе едукативни центри и добив само пофални зборови. Сите претходни студенти (веќе вработени) беа задоволни од нивните искуства и затоа Семос Едукација ја добија мојата доверба и всушност почнав таму.
Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?
Па мислам дека најдобриот совет кој го слушнав беше при запишувањето кога ни велеа дека нашиот успех зависи само од нас, односно од тоа колку време ќе вложиме самите ние, што всушност излезе точно на крај.
Зошто одлучи да станеш Phyton Developer?
Без сомнение Phyton е еден од најбараните програмски јазици денес, нуди најголема можност за вработување, лесен е за учење на почетници кои немаат претходно искуство со програмирање а воедно нуди можност за работа во различни области, web development, software development, data science итн.
Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?
Колку ќе искористиш од обуката зависи од тоа во која насока ќе одлучиш да продолжиш после завршената обука, но со сигурност можам да кажам дека од се стекнувате со солидно генерално знаење и основа за вработување и за да се продолжи со надоградување и доусовршување.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Кариерниот центар е најдобриот дел после обуката во Семос Едукација, тоа се стручни лица кои после обуката те спремаат како да го подготвиш своето CV, те спремаат за тоа како генерално се одвиваат интервјуата и за сите детали кои се битни во процесот на регрутација, исто така ги спојуваат студентите со компаниите со кои соработуваат.
Од што си фасциниранa во моментов и како тоа го вклопуваш во работата?
Фасцинирана сум од тоа што станав дел од компанија која се занимава со модерни проблематики и имам можност да работам на предизвикувачки проект кој бара постојано учење и надградување на моите вештини. Покрај времето поминато на работа секој ден наоѓам слободно време да научам нешто ново кое ќе можам да го искористам во работата.
Каков совет би им дала на оние кои моментално бараат работа како Phyton Developer?
Доколку сега почнувате со изучување на Phyton, ви ги препорачувам Семос Едукација, а доколку веќе имате соодветно знаење и сте во процесот на барање работа би препорачала да одвоите секој ден барем по еден час дневно за подобрување на вашите вештини и најважно да не се откажувате или демотивирате при процесот на барање на работа.