Дали знаевте дека повеќе од 50 милиони луѓе во САД работат како фриленсери кои годишно генерираат повеќе од 1 трилион долари?
Фриленс статистиките покажуваат драматични промени предизвикани од глобалниот пресврт со појавата на ковид 19. Во последниве години, фриленсингот станува актуелен како во светот, така и во Македонија.
Издвојуваме пет причини зошто сè повеќе и повеќе луѓе го преферираат овој начин на работа:
1. Слобода за работа од било каде
Со овој начин на работа добиваш можност да работиш од било кое место во светот. Тоа може да биде дури и интересен ресторан, плажа, домот на пријателот или буквално било кое место кое може да го замислиш, а има пристап до интернет конекција.
2. Флексибилни работни часови
Заборави на фиксното работно време од 9 до 5. Со овој начин на работа добиваш можност сам да го направиш својот распоред на работење и да одлучиш колку време и труд можеш да посветат на својата работа. Можеш да работиш во периодот од денот во кој се чувствуваш најфункционално. Доколку си најпродуктивен наутро, можеш да го организираш распоредот така што ќе работитиш до 14 часот секој ден.
3. Работа со клиенти кој ги одбираш сам
Една од најголемите придобивки во фриленсингот е можноста да работиш со клиенти од цел свет, да запознаеш различни карактери и да развиеш пријателства насекаде низ светот. Фриленсерите избираат свои проекти врз основа на нивнато искуство и желба за работа. Иако има дел од работата на фриленсерите кој не е толку многу забавен, најголемиот дел од времето за работа е во правење работи кои ги сакаш и работа со клиенти кои сам ги избираш.
4. Одлична можност за напредок
Најголем дел од фриленсерите започнуваат без искуство во овие плаформи и работат на мали проекти, но за многу краток период имаат можности да работат на поголеми проекти, со посериозни работни обврски, па дури и формираат свои компании.
5. 100 % сигурност во работата
Пред сè, еден од бенефитите е тоа што си самиот шеф на себе и не можеш да добиеш отказ. Се додека активно работиш со клиентите, долгорочно ќе имаш целосна контрола врз твојата иднина и заработка. Секоја од апликациите има свој начин на заштита на фриленсерите и политика за плаќање на сработените проекти.
Фриленсинг е начин на работа кој многумина го разгледале и размислиле за истиот, но малкумина го совладале или немале доволно знаење и храброст да започнат. Со поддршка на Импакт Фондација, го развивме нашиот најнов курс за Фриленс кој е исклучителна можност за влез во светот на фриленсингот. Оваа соработка е дел од RECONOMY програмата и e регионална инклузивна и “зелена” програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), спроведена од Helvetas вопартнерство со Импакт Фондација и други партнери ко-имплементатори од Источна Европа, Јужен Кавказ и Западен Балкан.
Овој курс е структуриран да ти ги предаде сите суштински информации кои ти се потребни за да ја започнеш кариерата како фриленсер.
Доколку сакаш да работиш кога сакаш и од каде сакаш. Резервирај го своето место сега.