„Кариерниот центар ни излезе во пресрет со кандидати кои одговараат на нашите потреби“
Гејминг индустријата во моментов бележи вртоглави бројки во поглед на отворени работни места, а не заостануваат ни графичкиот и веб дизајн и софтверскиот инженеринг. Ја имавме честа да соработуваме со компанија чии дејности се ИТ технологиите во најголем подем – Сим Сектор Студиос. На меѓусебно задоволство, тројца слушатели од Семос Едукација беа регрутирани во компанијата и одлично се вклопија во новиот тим. Поразговаравме со Сим Сектор Студиос за нивното искуство со Кариерниот центар на Семос Едукација.
Кои се Сим Сектор Студиос?
Сим Сектор Студиос ДОО Скопје, која е дел од KW групацијата, е компанија што се занимава со производство и изработка на видео игри, графички содржини, трипл гејминг, софтвер и софтверски системи, веб дизајн и обработка со повеќегодишно професионално искуство на меѓународно ниво. Компанијата има повеќегодишна соработка со ексклузивни странски компании и успешно завршени проекти.
Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?
-квалитетната обука на студентите од страна на докажани ментори;
-професионалниот однос во целокупниот процес на соработка од страна на одговорните лица од Семос едукација;
-можноста за адаптација и прилагодливост според индивидуалните потреби на нашата компанија;
-oбјективниот пристап за подобрување на целокупниот процес на соработка.
Како Кариерниот центар ви помогна да вработите PHP и JavaScript девелопери?
– преку заедничка соработка и успешно сослушување и разбирање на нашите потреби, во многу краток рок, Кариерниот центар на Семос Едукација ни излезе во пресрет со задоволителна бројка на кандидати што може да одговорат на нашите потреби;
– изборот на квалитетни кадри, правилна насока и првична селекција на кандидатите според потребите на проeктите кои ги работи Сим Сектор Студиос;
– заштеда на време, пари и ресурси преку разговор со кандидатите, презентација и согледување на заедничките интереси меѓу кандидатите и компанијата уште од самиот почеток пред да се направи првото интервју.
Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?
– професионалниот однос.
– квалитетот на кадри.
– конзистентното ниво на квалитет.
– адаптабилност со светските трендови за едукација и технологија.
Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?
Иднината на секоја современа компанија ја градат професионалци кои зад себе имаат соодветна едукација, изобилуваат со знаење стекнато од експери во областа, постојано учат и се надградуваат и создаваат добар имиџ за компанијата за која работат. Описот се совпаѓа со профилот на кандидатите обучени во Семос Едукација. Би им препорачале на компаниите да соработуваат со Кариерниот центар на Семос Едукација и со сигурност ќе имаат квалитетен кадар во својот тим.