Кариерниот центар на Семос Едукација продолжува со успешните соработки со еминентни домашни и странски компании, со цел да обезбеди размена на позитивни искуства, знаење, квалитетни кадри кои ќе се вклопат во компаниската култура на компаниите-партнери и со својата експертиза стекната на обуките во Семос Едукација, ќе придонесат за раст на бизнисите но и на компаниските вредности. Соработката со првата јапонска IT компанија за web design, system development и web advertisement во Скопје, отвори нови кариерни хоризонти за нашите студенти кои ќе имаат можност да посетуваат пракса или да се вработат во оваа компанија од светски размери и да ги почувствуваат бенефитите од секојдневната работа во јапонски стил кој компанијата го усвои.
Writerity претежно работи со клиенти од Јапонија, но и со клиенти од нивните претставништва во Германија, Непал и Филипини. Во моментов се работи на проширување на Европскиот и Американскиот пазар, со што ќе се отворат работни позиции за ентузијасти кои би работеле од било каде, користејќи ги своите IT вештини во пракса.
Културата на брз раст, постојната надградба и фокусот на личниот развој се трите столбови на нашата организациска поставеност во Writerity. Затоа што, како компанија, силно веруваме дека секој може уште да учи и да расте во својот кариерен пат. Предизвиците со кои се соочуваме е проширување на тимот, наоѓање на млади луѓе кои сакаат да се усовршуваат. Уште еден од предизвиците е виртуелно да се пренесе тоа што всушност го „живееме” во Writerity, а тоа е директен, непосреден, отворен пристап кон сечиј карактер или идеја, спремност на секаков тип комуникација и најважно, постојана соработка и поддршка.
Кариерниот центар на Семос Едукација има за цел да ги препознае квалитетите на слушателите и да биде мост што ќе ги поврзе слушателите кои сакаат да направат промена во својата кариера и компаниите што бараат високо квалификуван кадар. Токму затоа, привилегија е да се воспостави соработка со Кариерниот центар на Семос Едукација.
Резултатот од воспоставената соработка е вмрежување со луѓе кои како дел од Кариерниот центар на Семос Едукација се соочуваат со реализирање на теоријата во пракса, желба за учење и вклучување во пазарот на трудот.
Гледаме некои потенцијали во начинот на размислување и вештините на кандидатот. Ние внимателно ќе го набудуваме и би сакале да биде подготвен да усвои нова работна култура со помош од другите колеги.
Како компанија која го вреднува квалитетот, со влегување на нов член во тимот се вклучува целиот тим на компанијата, се вложува време на приспособување на пристапот на секој нов член на тимот, со цел ефективно и ефикасно искористување на времето и секако целосна имплементација на новите кадри. Најпрвин беше спроведен онбординг процес од страна на HR тимот. Понатаму, кандидатот беше превземен од страна на тим лидерите, со постојана комуникација и помош од нив и останатите колеги, и со постојан мониторинг од страна на менаџерот, и целосна поддршка и помош од страна на тимот за човечки ресурси.
Во брзорастечкото IT општество, од особено значење е склучувањето на стратешко партнерство и остварување на соработка. Семос Едукација е докажан стратешки партнер кој продуцира кадри оспособени за вклучување на пазарот на трудот, затоа слободно можеме да кажеме дека стратешко партнерство со Кариерниот центар на Семос Едукација е од особено значење за нас. Ова партнерство произведува значителни придобивки за сите вклучени: најважно, свесноста и искуството на младите за работното место.
Нашето партнерство е одличен пример за следните компании кои активно бараат квалитетен кадар од IT сферата.