Здраво Александар се радуваме што ја избра Семос Едукација за обуката Motion Graphic Designer. Како одлучи да станеш Motion Graphic Designer?
Здраво и ви благодарам на можноста да бидам дел од вашата едукативна програма. Имам искуство како музички промотер и организатор на настани, каде графичкиот дизајн игра важна улога. Верувам дека првата комуникација со публиката преку музички постери и флаери е критична за успешноста на настаните. Инспириран од искуствата со генијални графички дизајнери, како креативна личност посакав да ги научам алатките за креирање на дигитални графички дела. Затоа, обуката за Motion Graphic Designer беше мојот следен чекор. Овозможувајќи живот на статичните дела, оваа професија не само што е важна во музичката индустрија, туку и за секоја друга дејност. Така, јас се одлучив да станам Motion Graphic Designer.
Кажи ни нешто за себе, кој е Александар?
Сакам технологија, музика и природа. Активно следам дизајн профили на социјалните мрежи и слушам дизајн подкасти. Учев дизајн и во формално образование. Сакам електронска хаус музика и понекогаш може да ме видите како DJ во ноќни клубови. Пишувам статии за електронска музика и сум уредник на музички онлајн магазин. Моите хобија воглавно се креативни и се обидувам да создавам кул содржина. Понекогаш и ми успева 😊
Кои знаења и вештини ги стекна за време на програмата и дали ги применуваш?
Во текот на обуката стекнав многу вештини кои ги применувам во пракса. Почнувајќи од Adobe Illustrator и Adobe Photoshop со тренерот Рената Петровска, и продолжувајќи со Adobe Premiere и After Effects со тренерот Сашо Младеновски. Голема благодарност до нив за знаењето кое го споделуваат и за инспирацијата да ја засакам оваа професија. Освен знаењето кое го имаат, споделуваат искуства и приказни со кои лесно се запомнуваат одредени чекори низ креацијата на проектот. Нивните приказни ми беа поистоветување со себе и доказ дека сум на вистински пат, дека и јас можам да успеам тука. Морам да напоменам дека освен на часовите, инвестирав и многу време за истражување дополнителна литература за дизајн на интернет, но и за тоа им благодарам на Рената и Сашо, бидејќи ме поттикнаа да истражувам во светот на дизајнот.
Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?
Adobe Illustrator и Adobe After Effects се мојата омилена комбинација која најчесто ја користам во моите дизајни. Векторската графика во Illustrator и можноста за анимирање на леери во After Effects ми обезбедуваат слобода да ги вплотам своите идеи во чисти и прецизни дизајни. Иако ги користам и другите софтвери кои имаат предности за одредени процеси без кои не би се завршил креативниот проект, Ai и Ae се најинтересните за мене и верувам највеќе ќе ги користам.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Дефинитивно сакам да продолжам да работам како Motion Graphic Designer. Следно, би сакал да бидам дел од некој креативен маркетинг тим каде ќе се надополнуваме и ќе учиме постигнуваќи заеднички цели. Понатаму, стекнатото искуство несебично би го споделил и јас со помлади колеги. Навистина се радувам што бев дел од оваа едукативна програма на Семос Едукација, засега ова е само добар почеток на едно ново креативно патување.