Rising star of the week - Александра Пенкова Башеска
Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека како UX дизајнер?
Со оглед на тоа дека креативноста е најистакнатата особина во мојот карактер, секогаш пробував различни начини да ги преточам моите идеи во некаков дизајн. Како вљубеник во новите технолгии, сфатив дека UX дизајнот е совршен начин за мојата креативност да им помогне на голем број на корисници да добијат најдобро искуство во користењето на различен вид на апликации.
Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел да станеш UX дизајнер?
Практичната примена на целокупното теоретско и практично знаење што го стекнав во текот на обуката и добивањето на финален дизајн беа мошне исполнувачки за мене, но исто така и доста потребни за зацврстување на стекнатите знаења.
Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?
За оние кои се двоумат за кариера како UX дизајнер и сакаат нивната креативност да биде искористена за иновативни решенија, би им препорачала да го направат првиот чекор и да вложат во себе со тоа што ќе изберат курс за UX/UI дизајн од широката палета на Семос Едукација.