Анастасија Русевска од Академијата за внатрешен дизајн
Од љубител на просторна естетика до инспиративен талент
Кога ќе ја запознаеш Анастасија Русевска, веднаш ја чувствуваш нејзината посветеност на деталите. За неа, секој агол, секоја сенка и секој материјал имаат своја приказна. Таа влезе во светот на внатрешниот дизајн со желба да ја претвори љубовта кон убавината и хармонијата во професија што остава трага.
Почеток со јасна визија
„Јас сум креативен карактер со посебна љубов кон просторната естетика,“ вели Анастасија. „Сакав да ги усовршам моите креативни и технички вештини и затоа ја избрав Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација. Се вљубив во идејата дека можам да создадам нешто повеќе - не само да размислувам убаво, туку и да ја материјализирам убавината во просториите каде луѓето живеат, работат и сонуваат.“
Деталите ја прават целината
Водена од зборовите на Charles Eames: „The details are not the details. They make the design,“ Анастасија верува дека напредокот доаѓа преку учење и посветеност. „Секој елемент, било видлив или скриен, има улога во целосната слика,“ додава таа.
Средина што поттикнува раст
Она што најмногу ја воодушевува е поддршката од менторите. „Тие не предаваат само знаење, туку делат искуства, инспирации и предизвици. Организираната и професионална структура на Семос Едукација создава средина каде креативноста и дисциплината се надополнуваат. Практичниот пристап и можноста да се работи на реални проекти го прават учењето мотивирачко и смислено.“
Знаењето во пракса
Со стекнатите вештини од AutoCAD, SketchUp и 3Ds Max, како и со усовршената комуникација и презентација пред клиенти, Анастасија веќе се чувствува подготвена за професионални предизвици. „Во рамки на Академијата за внатрешен дизајн во Семос едукација веќе работев на проекти - од првични скици до финални решенија.
Секој процес е нова можност да креирам функционални и хармонични простори кои носат удобност и убавина.“
Порака со инспирациј
„Дадете шанса на вашата креативност. Семос Едукација ќе ви овозможи алатки, знаење и средина. Но најважно е да вложите труд, време и љубов кон процесот. Секое учење е инвестиција во иднината, а токму тука таа инвестиција се претвора во можности и професионален успех. Не се плашете да започнете - затоа што деталите со време се спојуваат во нешто прекрасно.“
Анастасија Русевска е доказ дека кога ќе се соединат креативноста, дисциплината и вистинското менторство, резултатите се неизбежни. Таа е нашиот Rising Star of the Week - пример за тоа како Семос Едукација ја претвора страста во професионален успех.