Rising Star of the Week: Анѓелина Дракуловска од Академијата за човечки ресурси во СЕМОС Едукација
Правник што ја пронајде својата нова професионална приказна во HR
Анѓелина Дракуловска е доказ дека никогаш не е доцна за промена. Иако по професија е правник, нејзиниот професионален пат ја води низ светот на продажбата - и токму таму, сосема природно, се сретнува со светот на човечките ресурси.
„Работев во мала компанија и со текот на времето го превземав и делот HR,“ раскажува Анѓелина. „Но кога почнав да одам на интервјуа за позиции во човечки ресурси, сфатив дека, иако имам години работно искуство, во суштина не знам доволно. HR е многу повеќе од административна работа и регрутација — тоа е стратегија, култура и развој на луѓето.“
Таа свесност ја натерала да направи голем чекор напред. „Одлучив дека ми треба животна промена. Почнав да барам добра академија и така ја открив Семос Едукација,“ додава таа со насмевка.
Професионално искуство низ реални примери
Она што најмногу ѝ оставило впечаток на Анѓелина е практичниот пристап и искуството на тренерите.
„Академијата за човечки ресурси ја водат професионално спремни тренери со долгогодишно искуство. Тие не само што предаваат, туку и го пренесуваат знаењето низ реални ситуации од нивната работа,“ објаснува таа.
Практичните вежби, базирани на вистински компании, ѝ помогнале подобро да ја разбере суштината на HR улогата - да биде поддршка, посредник и двигател на организацискиот развој.
Промена што носи нова сила
„Кога ќе се навратам наназад и го споредам моето знаење пред и после академијата, гледам огромен развој,“ вели Анѓелина. „Сега се чувствувам подготвена и теоретски и практично да ги решавам предизвиците во човечките ресурси.“
Нејзиното лично мото ја води низ целиот процес:
„Трудот и знаењето е темелот на секој вистински успех.“
Порака до идните студенти
Анѓелина со охрабрувачка насмевка им се обраќа на сите што размислуваат за промена:
„Не ги гледајте годините. Никогаш не е доцна да започнете од почеток. Семос Едукација ќе ви помогне да ја направите таа транзиција и да станете професионалци во посакуваната област.“
Анѓелина е уште една приказна што покажува дека со правилна насока, учење и поддршка, секој може да ја изгради својата нова кариера. Дознај повеќе за Академијата за човечки ресурси: Академија за Човечки Ресурси