Кажи ни нешто за себе, кој е Бојан и како започна твојата СЕМОС приказна?
Јас сум Бојан Волканоски, љубител на дизајнот кој сака да создава уникатни и кориснички ориентирани дизајни. Одлучив да се приклучам на СЕМОС академијата за UX/UI дизајн за да ги усовршам моите вештини и да го претворам својот интерес во професионален развој. Академијата ми понуди токму она што ми требаше, а тоа е разбирање на процесот на дизајн и алатките што се користат.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за UX/UI дизајн?
Најголем впечаток остави професионалноста на предавачите и деталните курсеви кои ме водеа низ процесот на дизајнирање од самиот почеток до финалната визуализација. Практичните проекти беа значајни за моето учење, бидејќи ми дадоа реален увид во тоа како UX/UI се применува во различни индустрии и продукти.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата беше клучен дел од моето професионално растење. Покрај теоретското знаење, стекнав и практични вештини кои веднаш ги применив на своите проекти. Благодарение на академијата, добив самодоверба и технички способности да се натпреварувам на пазарот и да креирам решенија што се фокусирани на корисникот.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
На идните студенти би им препорачал дека никогаш не касно да бидат упорни и да го искористат секој момент од академијата за учење и развој. Академијата ви овозможува одлична основа за UX/UI дизајн, но колку повеќе се вложувате, толку подобри резултати ќе постигнете. Исто така, не се плашете да правите грешки затоа што се дел од учењето!