Јас сум Дијана Зариќ. Водејќи се по желбата за стекнување на нови вештини и лично надоградување ја избрав Официјалната ISTQB Академија за software testing на Семос Едукација. Поради моето аналитичко размислување и перцепција за детали, работата како софтвер ме привлече од самиот почеток.
Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел?
Завршниот проект ми овозможи да ги применам сите знаења и вештини што ги научив во рамките на Академијата за software testing. Ова практично искуство беше од суштинско значење, бидејќи ми овозможи да ги разберам процесите и предизвиците на реалната работа во областа на тестирањето на софтверот. Меѓу другото, завршниот проект придонесе кон зголемување на мојата желба за истражување и усовршување во областа на тестирањето на софтвер. Благодарение на тоа, мојот вложен труд, во содејство со моите личните амбиции, резултираше со успешно завршен проект.
Што би им препорачала на идните студенти на Официјалната ISTQB Академија за software testing на Семос Едукација?
За време на проектот, имав можност да соработувам со искусни професионалци во областа на тестирањето на софтверот.
Голема благодарност до предавачите на академијата, особено до проф. Фисник Доко кој ми обезбеди поддршка, менторство и совети што значително го зголемија моето разбирање за работата во оваа област.
Доколку сте амбициозни и сакате да се надоградите себеси, Семос Едукација е вистинскиот избор за вас. Знаењето и вештините со кои што се стекнав на Академијата ги исполнија целосно моите очекувања и цели.