Секоја просторија раскажува приказна, а ти можеш да бидеш тој што ќе ја создаде. Запознај се со Дона Дамчевска, Rising star на неделата, студент на Академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација.
Кажи ни нешто за себе, која е Дона и како започна твојата СЕМОС приказна?
Се викам Дона, за себе би кажала дека сум голем оптимист, креативна и амбициозна личност. Тежнеам кон нови начини за изразување и создавање, секогаш подготвена да се соочам со нови предизвици. Моето патување со Семос Едукациа започна како желба да ги претворам моите идеи за дизајн во реалност. Академијата за внатрешен дизајн ми ја отвори вратата кон свет полн со знаења и можности, место каде што моите идеи со помош на најнапредните софтверски алатки, станаа нешто повеќе од само замисли, тие станаа една голема реалност.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за внатрешен дизајн?
Најмногу ме воодушеви професионалноста на академијата и искрената желба на менторите, заедно со нивната посветеност, да ни го пренесат своето знаење на најдобар можен начин. Секое предавање беше исполнето со нови знаења, проекти, предизвици, што беше вистински подарок, Академијата ме поттикна да размислувам пошироко и да бидам посмела во секој аспект од моето креативно работење.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата не само што ми ги даде сите потребни алатки, туку и ми го даде потребниот поттик и храброст да го остварам мојот потенцијал и да ги реализирам моите идеи. Со сите стекнати знаења и вештини, се чувствував подготвена да ја продолжам мојата кариера во оваа област. Благодарение на самодовербата која ја добив од академијата, лесно започнав соработка со фирма во оваа сфера и започнав да работам на сопствени проекти.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Моја порака е да верувате во вашата креативност и да не се плашите да излезете од вашата комфорна зона. Академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација не е само место каде што учите дизајн, туку е и прекрасно патување што ќе ве трансформира како личност и професионалц, водејќи ве кон вистинското место. Искористете го секој момент за нови знаења и истражувања, бидејќи успехот е резултат на труд, страст и посветеност!
Оствари го целосно твојот потенцијал! Мартовските уписи за Академија за Внатрешен дизајн се во тек, аплицирај сега и искористи го попустот од 20% за да го започнеш своето професионално патување!
Запознај се со искуствата на нашите Rising Stars, и одбери академија што тебе најмногу ти прилега.