Кажи ни нешто за себе, кој е Филип и како започна твојата СЕМОС приказна?
Јас сум Филип Гелевски и мојата приказна со СЕМОС започна на интересен начин. Иако мојата главна професионална пасија отсекогаш била музиката, со која се занимавам најголем дел од животот, од секогаш сум чувствувал љубов кон технологијата и веб дизајнот. После години посветени на музиката, сфатив дека сакам да ги проширувам моите хоризонти, па решив да се запишам на Академијата за веб дизајн во СЕМОС. Оваа одлука беше пресвртница која ми отвори нови можности за професионален развој.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за Веб дизајн?
Една од работите што најмногу ми остави впечаток беше посветеноста на целиот тим во СЕМОС – од професорите до вработените. Секогаш кога ќе се појавеше некаков проблем или предизвик, сите беа тука за да помогнат и максимално се трудеа да го решат што е можно побрзо. Тоа создаде чувство на заедништво и поддршка, кое е навистина ретко. Дополнително, материјалите и наставната програма беа одлично структурирани, со цел да ни го дадат најдоброто знаење и вештини за веб дизајн.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата за мене беше голем чекор кон промена на кариерата. Иако сè уште сум на почетокот на таа промена, СЕМОС ми помогна да ја направам вистинската одлука и да тргнам во нова насока. Стекнатото знаење од академијата ми даде не само технички вештини, туку и самодоверба дека можам да успеам во нешто сосема ново.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Мојата порака е едноставна – вложете труд и време во учењето, и нема да имате никакви проблеми, без разлика на вашата професионална позадина или предзнаења. Секоја инвестиција во учење носи резултати, а со поддршката на професорите и нивните совети, успехот е загарантиран. И секако, слушајте ги професорите – тие навистина знаат што прават!