Здраво Филип се радуваме што ја избра Семос Едукација за обуката Python. Како одлучи да станеш Python Developer?
Веќе имам работно искуство во областа на работа со податоци, па размислував да го надополнам моето знаење во оваа област и да научам да манипулирам со покомплексeн вид на податоци и затоа се решив да се запишам на курсот за Python Developer. За да го постигнам ова ја избрав Семос Едукација и не згрешив во мојот избор.
Кои знаења и вештини ги стекна за време на програмата?
Се стекнав со многу нови вештини, научив како да работам со различни библиотеки и алатки кои му овозможуваат на Python да се прилагоди во работа со други програмски јазици и како да ја напишам својата прва Flask web апликација. Покрај техничките аспекти, стекнав вештини за истражување и планирање како да се пристапи кон извршување на некоја задача и кон решавање на проблемите.
Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?
Најинтересниот дел од наставата беше кога почнавме со модулот Работа на реален проект во кој што можевме да го примениме стекнатото знаење во пракса. Беше прекрасно чувство кога од ништо создадов нешто што е функционално и корисно и го видов плодот на трудот кој го вложив во текот на курсот.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Во иднина се гледам како некој што има уште многу да учи во оваа област, но знаењето стекнато на овој курс може да го користам како добар темел на кој можам да градам во светот на програмерството. Убавината во оваа струка е дека можеш да специјализираш во најразлични правци, па затоа можностите се неограничени. Се гледам себеси во улогата Python Developer или во работа со вештачка интелегенција која веќе зема голем замав и во иднина ќе биде се поголем дел од нашите животи.