Кажи ни нешто за себе, која е Ирена и како започна твојата СЕМОС приказна?
Здраво, јас сум Ирена од Скопје, дипломиран економист кој пред 20 години ја започна својата кариера во маркетингот преку формално образование. Денес, преку Семос Едукација и академијата за дигитален маркетинг, го затворам кругот на едукацијата во областа која ми недостасуваше најмногу во мојот професионален развој. Низ годините на професионален развој, дигиталниот маркетинг го доживеа својот подем, а јас немав шанса да растам во таа област. Се одлучив за Семос Едукација затоа што имав добри препораки за академијата, а мојот избор е оправдан.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за дигитален маркетинг?
Јас сум презадоволна од предавачите и нивната приемчивост и срдечност. Во текот на часовите обработуваме сериозни и значајни теми, но имаме и простор за теми од поопуштен карактер. Учиме и преку практични примери, модели на размислување и проекти. Преку различните модули се опфатени сите процеси во дигиталниот маркетинг. Предавачите не мотивираат да размислуваме самостојно, да анализираме и споредуваме преку практичните задачи, а истовремено и мотивирачки да се натпреваруваме во групата. Нема да издвојам никој посебно, сите се одлични. Секој член од групата има шанса да разменува мислења со предавачите и да учествува активно на часовите.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата ми отвори нови видици, ми дозволи да го разберам вокабуларот кој сум го среќавала во сите бизнис преговори и разговори и истовремено сум била недоволно едуцирана да ги разберам сите процеси во дигиталниот маркетинг. Исто така ми дозволи да размислувам подлабоко и пошироко употребувајќи ги алатките на дигиталниот маркетинг, практично и теоретски во креативниот процес на планирање. Се надевам дека оваа академија ќе ми помогне во многу нови проекти кои ги имам на ум.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Не се плашете да учите! Во светот кој постојано се менува и е во постојан развој, секоја едукација станува сè поважна па би кажала и дури неопходна, за да бидете конкурентни и успешни. Вложувањето во себе и континуираното усвојување на нови знаења никогаш не треба да дозволиме да запре.
Влези во свтеот на дигиталниот маркетинг! Мартовските уписи за Академија за Дигитален маркетинг се во тек, аплицирај сега и започни го своето професионално патување!
Запознај се со искуствата на нашите Rising Stars, и одбери академија која најдобро одговара на твоите амбиции и интереси.