Секоја просторија раскажува приказна, а ти можеш да бидеш тој што ќе ја создаде. Запознај се со Ивана Додевска, Rising star на неделата, студент на Академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација.
Кажи ни нешто за себе, која е Ивана и како започна твојата СЕМОС приказна?
Ивана е креативна личност со голема љубов кон уметноста, внатрешен дизајн и сѐ она што е убаво за око, ама која што упорно и успешно, долги години се пренасочува на полето на економија. Уште од мала знаев дека креативноста е моја јака страна, но патот ме носеше на други полиња. Денот кога се решив да запишам академија за внатрешен дизајн во Семос Едукација, беше ден на самоприфаќање на талентот кој што сметам дека го поседувам. Често се изразував преку лист хартија и молив за да ги доловам моите идеи на блиски луѓе, па си реков, зошто да не го пренесам ова на повисоко ниво и да знам да го исцртам со помош на некој програм во 2D и 3D верзија?! Истиот ден кога дојдов до таа идеја, испратив апликациска форма во Семос Едукација и за многу кратко време добив фидбек со сите потребни информации и одговор на поставените прашања.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за внатрешен дизајн?
Предавачите. Не би можела да издвојам некој од предавачите кој што не вложуваше многу труд за да ни го предаде материјалот на најдобар начин, начин на кој што и слушателите како мене (без никакво претходно знаење од областа, само голема желба да научат), ќе ги разберат.
Бев импресионирана од нивната посветеност, професионалност и максималното заложување за нас студентите, тука беа за време на предавањето спремни да повторат и по неколку пати ако нешто не е јасно, ама за нас беа достапни и после предавањето, сѐ додека имаше прашања.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Јас, моето знаење за професионално изразување во областа на внатрешен дизајн, ѝ го должам на академијата. Можноста за дизајнирање на реален проект, предизвиците за време на изработка, истражувањата на понуди на пазарот, се тоа беше дел од процес на учење и усовршување. Се здобив со многу нови вештини, знаење и способности кои што самостојно знам да ги применам. Се чувствувам подготвена за нови професионални предизвици и мотивирана сум за прифаќање на нови можности.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Не плашете се од новите предизвици и верувајте му на процесот. Бидете истрајни, поставувајте прашања, бидете посветени и на крајот ќе се изненадите од постигнатите резултати. И никогаш не е доцна, бидејќи сѐ додека работиме нешто со целосна
посветеност, љубов, страст и внимание, тоа претставува наше најголемо признание и не носи еден чекор поблиску до создавањето на успешна приказна.
Влези во свтеот на дигиталниот маркетинг! Мартовските уписи за Академија за Дигитален маркетинг се во тек, аплицирај сега и започни го своето професионално патување!
Запознај се со искуствата на нашите Rising Stars, и одбери академија која најдобро одговара на твоите амбиции и интереси.