Кажи ни нешто за себе, која е Кристина и како започна твојата СЕМОС приказна?
Можеби ќе звучеше поинтересно да се запознаевте со мене од почеток на Академијата за Дигитален маркетинг. Моето име е Кристина Настевска. Човек кој на свои 32 години реши да направи кариерна промена. Мојата приказна со Семос академија за дигитален маркетинг, започна од љубовта кон дигиталните иновации. Токму тука имав шанса да ја применувам својата креативност, комуникација и да придонесам за развојот на бизниси и проекти.
Од Семос добив многу поддршка и можности за учење, кои ми овозможија да растам како професионалец и да се запознавам со различни аспекти на дигиталниот маркетинг.
Моето кариерно патување беше постепено, почнувајќи од основните активности, како што се управување со социјални медиуми, оптимизација на содржини, па до креирање стратегии за дигитален маркетинг кои помагаат на клиентите да ги постигнат своите цели. Со академијата за дигитален маркетинг, секој ден за мене е шанса да стекнам нови знаења и да достигнам нови успеси.
Мојата приказна раскажува цврста одлука за кариерна промена преку континуирано учење, мотивација, тимска работа во динамична и постојано променлива индустрија.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за дигитален маркетинг?
Најмногу ме привлече практичниот пристап кон учењето и можноста веднаш да ги применам ново стекнатите знаења во реални проекти. Академијата не беше само теоретска, туку главно фокусирана на практична работа, што ми овозможи да го разберам дигиталниот маркетинг во целост, од креирање на стратегии за социјални медиуми до напредна SEO оптимизација и анализа на податоци.
Ми остави впечаток интеракцијата со стручните предавачи, кои споделуваа вредни примери и совети од реалниот живот. Работата на реални проекти ми овозможи да ги применам новите вештини, а тимската работа ми помогна да изградим професионални односи. Стекнав практично знаење со учење и користење на современите алатки како што се Google Analytics, SEO и Google Ads.
Семос ми помогна да ја сфатам пошироката слика на дигиталниот маркетинг и да го започнам својот пат во индустријата со многу поголема самодоверба и подготвеност, да се справам со предизвиците кои ги носи оваа динамична професија!
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата имаше големо влијание на моето професионално развивање. Не само што стекнав основни вештини во дигиталниот маркетинг, туку и научив како да се позиционирам како самоуверен и конкурентен професионалец во индустријата. Академијата ми помогна да изградам вредни контакти, што беше клучно за мојата кариера. Разменувајќи идеи со луѓе од различни сектори, добив поширока перспектива за маркетинг индустријата. Денес се чувствувам подготвена да се соочам со динамичната работа на реални проекти и да работам во тим. Научив дека дигиталниот маркетинг не е само техничка дисциплина, туку е креативен процес.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Никогаш не е касно да направите промена, ако имате љубов кон некоја професија., бидете храбри и истражувајте!
Со Семос, се движите низ патека која не само што ви овозможува да стекнете конкретни вештини, туку и да научите како да размислувате стратешки, да решавате проблеми и да станете иновативни. Не се плашете да започнете од нула секој успех почнува од добра основа, а академијата ќе ви обезбеди сѐ што ви е потребно.
Верувајте во себе и своите способности. Тука ќе стекнете нови вештини, но успехот зависи од вашата посветеност, желба за учење и способност да се прилагодите на новите предизвици. Семос е само почеток на вашата професионална иднина, се што треба е да ги искористите сите можности што ги добивате и да се упатите на патот на успехот.