Кажи ни нешто за себе, која е Марија и како започна твојата приказна во Семос Едукација?
Јас сум Марија Васовска, работам како регионален HR и сум дел од динамична средина во мало продажба каде секојдневно работам со луѓе и развој.
Мојата приказна со Семос започна од желбата да го продлабочам знаењето и да добијам поширока перспектива за HR - не само како функција, туку како вистински бизнис партнер.
Кое е твоето лично мото?
Не чекај да бидеш подготвен, растот започнува кога ќе преземеш одговорност и ќе учиш во процесот.
Што најмногу ти остава впечаток од Академијата за човечки ресурси?
Најголемиот впечаток од Академијата не се само знаењата, туку промената во размислувањето.
HR не е административна функција - тоа е позиција од која директно влијаеш на културата, перформансот и насоката на бизнисот.
Ова искуство ме натера да излезам од „оперативниот режим" и да почнам свесно да носам одлуки како партнер на бизнисот, а не само како поддршка.
Академијата ми покажа дека вистинската моќ на HR е во тоа да создава средина каде луѓето се чувствуваат мотивирани и ценети.
Колку академијата ти помага во твоето професионално развивање?
Академијата ми помага да го надградам она што веќе го работам, но со многу поголема јасност, сигурност и свесност за влијанието што го имам.
Ми дава структура на моето искуство и ми помага секојдневните ситуации да ги гледам поаналитички и поосмислено.
Тоа што го учам не останува теорија, туку веднаш го препознавам и применувам во пракса, што за мене е најголемата вредност.
Академијата ми овозможува да ја гледам мојата улога со поголема стратегиска перспектива и да градам влијание врз организацијата. Таа ми дава алатки со кои секојдневните предизвици ги претворам во можности за развој и подобрување.
Порака до идни студенти
Ако влегувате само за да „научите нешто ново", ќе добиете знаење.
Ако влегувате подготвени да го промените начинот на кој размислувате - ќе излезете на сосема друго ниво.