Кажи ни нешто за себе, која е Клара и како започна твојата приказна во Семос Едукација?
Jaс сум Марко Михајловиќ, студент на Java Script aкадемијата во Семос Едукација. Мојата приказна започна со голем ентузијазам и страст кои потекнуваа уште од моите средношколски денови. Сега како се наближува крајот, можам да кажам дека на некој начин му ја исполнив желбата на малиот Марко. Животот е чуден те носи на различни патувања. Кога сме помлади имаме некои други приоритети но, како одминуваат годините сепак се навраќаме на некој копнеж од детството и на она прашање “Што сакам да бидам кога ќе пораснам?“. Така што кога ќе ти се пружи шанса подоцна, едноставно ја прифаќаш и се впушташ во нови искуства за да ги искусиш. А кога се има љубов кон нешто, успехот е неминовен.
Кое е твоето лично мото?
„Никогаш не е доцна за нови соништа и цели“. Тоа значи, дека без разлика во која животна фаза се наоѓаме, најважно е да го работиме она што го сакаме и она што не исполнува, бидејќи само така ќе бидеме вистински задоволни и успешни во она што го работиме.
Што најмногу ти остави впечаток од JavaScript академијата?
Најголем впечаток од JavaScript академијата ми остави практичниот пристап на учење. Особено ми се допадна тоа што знаењето постојано се применуваше на реални примери, а и тоа што домашни задачи беа слични на вистински ситуации од работа.
Предавањата беа насочени кон конкретни и корисни нешта што реално се користат во пракса, без непотребни информации и преопширна теорија. Токму тоа ми помогна подобро да разберам како изгледа реалната работа во IT индустријата и да стекнам знаење што може директно да се примени понатаму професионално.
Колку академијата ти помага во твоето професионално развивање?
Како почетник во ова, се вклопив многу лесно, секако благодарение на професорите и нивната умешност да го доближат целиот концепт до секој поединец. Лично мене, Академијата ми помогна многу во професионалниот развој, бидејќи покрај теоретско знаење, добив и практично искуство, а со преку реални задачи и проекти си оформив свое портфолио. Предавањата се од интерактивен карактер што дополнително помага во начинот на размислување, оформување како професионалец. Тоа дополнително овозможува основа за полесно справување со предизвици и градење поголема самодоверба.
Порака до идните студенти
Семос едукативниот центар е местото каде доколку сакате да научите и сте подготвени да вложите труд, успехот е неизбежен. Верувајте во себе и препуштете се во сигурните раце на врвни едукатори, каде што вашиот порив за знаење ќе биде поткрепен со голема доза на мотивација, која потоа ќе ви даде чувство на сигурност во она што подоцна Вие ќе го нудите како услуга.
Повеќе за Академијата за JavaScript можете да погледнете на следниот линк: Академија за JavaScript.