Кажи ни нешто за себе, која е Мила и како започна твојата СЕМОС приказна?
Мила е 23 годишна амбициозна и креативна личност кај која љубовта кон архитектурата и внатрешниот дизајн се присутни уште од рана возраст. За себе би можела да кажам дека ентузијазмот и сигурните чекори кон оваа струка се тие што ми овозможуваат да ги постигнам посакуваните цели. Како личност која го има започнато своето образование како Архитектонски Инженер, одлуката за насока кон дизајнот на внатрешно уредување ми докажа дека всушност тоа го правам со беспрекорна љубов и посветеност. Оваа струка ми овозможува слободно да ги искажам и прикажам своите замисли кон уметноста и дизајнот на свој и уникатен начин. Така започна и мојата приказна со Семос Едукација.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за внатрешен дизајн?
Како најпрво морам да го издвојам несебичното пренесено знаење од страна на професорите кои што воедно се и експетри во својата професија и беа подготвени во секое време да ни пружат помош и поддршка. Академијата ми овозможи детално да се запознаам со целата индустрија и ми отвори нови хоризонти и можности преку кои остварив нови контакти.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Со завршувањето на Академијата за Внатрешен Дизајн го збогатив моето портфолио и станав подобар кандидат на пазарот во оваа индустрија. Овде стекнав знаење и професионалност за едни од најбараните и најкористените компјутерски софтвери во оваа професија кои што ќе ми користат во понатамошната кариера.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
За мене Семос Едукација беше едно прекрасно искуство кое што треба секој да го искуси доколку е личност што сака предизвици. Семос Едукација е место каде што ќе станете посигурни во себе и ќе научите многу нови вештини за професионалната кариера, но сепак успехот зависи од вас самите и колку труд сте спремни да вложите во истото.