Кажи ни нешто за себе, која е Моника и како започна твојата СЕМОС приказна?
Јас сум Моника Александровска, дипломиран градежен инженер. Поседувам
голема страст за математиката, уметноста и архитектурата уште од мала
возраст. Перфекционист сум, креативна и амбициозна личност, со
објективен поглед секогаш сум отворена кон нови предизвици и проширување
на знаењата. Желбата да го остварам својот целосен потенцијал, заедно со
љубовта кон архитектурата и дизајнот, беа основните мотиви за моето
запишување на академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за внатрешен дизајн?
Најголем впечаток ми оставија професионалноста, посветеноста и
достапноста на предавачите во текот на целото времетраење на
академијата. Бев импресионирана од нивната искрена желба да го пренесат
своето знаење и нивната подготвеност, да помогнат во секој момент.
Покрај тоа, особено ми се допадна фокусот на практичната обука и
споделувањето на реални предизвици од индустријата, што значително го
унапреди мојот процес на учење.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата значително ми помогна во мојот професионален развој. Таа не
само што ми овозможи да го продлабочам своето знаење, туку и ме
мотивираше да ги проширам своите хоризонти и да се впуштам во нови
можности. Станав посигурна во своите способности и вештини благодарејќи
на знаењето кое го стекнав со чувство на спремност за нови професионални
предизвици.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Многу е важна посветеноста и истрајноста во текот на целиот процес.
Бидете отворени за нови идеи и пристапи, активно учествувајте во
наставата и не се плашете да поставувате прашања. Истражувајте во
слободно време и секогаш бидете радознали за нови сознанија. Најважно од
сè, верувајте во себе и своите способности, и не заборавајте дека можете
да постигнете сè што ќе посакате, ако го сакате тоа искрено и се
посветите на него во целост.