Кажи ни нешто за себе, кој е Никица и како започна твојата СЕМОС приказна?
Мотивиран од желбата за учење и професионално напредување, моја тенденција е секогаш да ги завршувам обврските навремено, да бидам подготвен за тимска соработка и да се водам од постигнатите успеси. Семос Едукација ми пристапи на најпрофесионален начин, нудејќи ми можности да се пронајдам и научам нешто ново. Брзо ми предложија опции, но сепак ми оставија простор да направам свој избор. Работата со професионалци кои знаат да препознаат која патека ќе ми одговара најмногу, а воедно ќе биде доволно интересна за да ми овозможи напредок низ академијата, е исклучително лесна и мотивирачка.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за дигитален маркетинг?
Професорите вложија големо внимание во секој детал кој ни беше темелно пренесен, црпејќи од нивното долгогодишно искуство и надополнувајќи го со професионални совети кои не само што ни помогнаа да ги разбереме теоретските основи, туку и да ги примениме во практичните аспекти на дигиталниот маркетинг, создавајќи така силна основа и клуч за успехот на сите ученици од академијата за дигитален маркетинг.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата јасно ми помогна во лично подобрување во повеќе сфери, вклучувајќи аналитичко и стратешко размислување, како и развивање на способноста за јасно разликување на улогата на консумерот и креаторот во широка и динамична сфера на маркетингот. Ми помогна во прецизирање на таргетите и поставување на јасни цели во насоката во која би сакал да се движам во мојот професионален развој и усовршување.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Фокусирајте се целосно и посветете се на сето она што ќе го учите, бидејќи ќе бидете пријатно изненадени од обемот на знаење и вештини кои ќе ги добиете, благодарение на искусните професори кои несебично го споделуваат своето знаење.