Rising star of the week: Петар Доневски од Академијата за Веб дизајн
Дизајнирај ја својата иднина: Патот на Петар од идеја до веб-дизајнер
Додека неговите врсници ги следат трендовите на социјалните мрежи, 19-годишниот Петар Доневски претпочита да ги креира. Тој ги поставува темелите на својата иднина како веб-дизајнер во Семос Едукација.
Мото што го води напред
За Петар, успехот е спој на два клучни фактори.
„За успех ти требаат две работи: среќа - да ти се укаже прилика, и ум - да знаеш како да ја искористиш,“ споделува тој, нагласувајќи дека упорноста и трпението се неопходни за совршени резултати во веб-дизајнот.
Најголем впечаток од Академијата
Она што најмногу го воодушеви Петар е опуштената и инспиративна атмосфера која поттикнува креативност без притисок:
„Немаш чувство дека си на класично предавање. Едноставно се препушташ на дискусијата со менторите и одеднаш сфаќаш дека си одиш дома со нови вештини и милион идеи. Тој 'vibe' и леснотијата во комуникацијата прават секој ден да се чувствуваш професионално побогат.“
Професионален развој
На Академијата, Петар не учи само како да ги користи алатките, туку се подготвува за реалните предизвици во ИТ индустријата:
„Покрај техничкото знаење, тука учам и како да размислувам како професионалец - како да решавам проблеми, да работам во тим и да пристапувам кон проектите на организиран и ефикасен начин. Учиме како реално да функционираме во професионалниот свет.“
Порака до идните студенти
Петар ги охрабрува сите кои се двоумат да ја искористат можноста што им се нуди:
„Искористете ја приликата во Семос Едукација! Ова е местото каде пасијата добива вистинска насока и каде патот до кариерата е ширум отворен за сите што се подготвени да учат и да напредуваат.“
Твојот талент, нашата насока
Академијата за Веб-дизајн во Семос Едукација е местото каде што „сакам да бидам“ станува „веќе сум“.