Зошто се одлучи за обуката Microsoft Data Analyst?
Како дипломиран професор по математика и исто така дипломиран инженер по актуарска и финансиска математика, со добро развиени аналитички способности , сметам дека обуката Microsoft Data Analyst беше најсоодветен избор за мене.
Кажи ни нешто за себе. Која е Сашка?
Сашка е амбициозна личност која што сака своето формално образование да го надградува со различни обуки и вештини.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Прво и најважно што ми остави најголем впечаток е посветеноста и професионалноста на нашиот предавач Иван Таневски. Исто така голема пофалба и до различните извори за совладување на материјалот и интересните задачи што ги изработувавме низ целиот процес.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Во иднина се гледам на некое работно место каде што се спојуваат моите професии и стекнати вештини.