Кажи ни нешто за себе, кој е Стефан и како започна твојата приказна во СЕМОС Едукација?
Јас сум Стефан Мурговски од Битола и сум голем фан на видео игрите уште од детството. Отсекогаш сум бил навлезен во светот на видео игрите, мислам дека се многу интересен медиум и секогаш сум сакал да ги реализирам моите идеи, карактери и светови. Го открив Семос преку социјалните мрежи и одма се запишав за Game Development курсот, и мило ми е што се запишав бидејќи многу сум задоволен и имам научено многу!
Кое е твоето лично мото?
Неуспехот не е знак дека треба да прекинеш, најмногу се учи така, и после секој неуспех стануваш подобар и подобар.
Што најмногу ти остава впечаток од Академијата за Game Development?
Многу различни и интересни модули има, од секој модул стекнуваш нови вештини за понатаму. Се покрива секој дел од game development и тоа е супер.
Колку Aкадемијата ти помага во твоето професионално развивање?
Многу ми помогна, се имам запознаето со многу добри луѓе во последниве неколку месеци преку Семос од кои имам научено за професионалната страна на светот на видео игрите.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС Едукација?
Продолжете напред, иако можи да изгледа тешко. И бидете креативни, тоа е најдобрата алатка.