Семос Едукација првично е мислам единствена во нашата држава која нуди можност на невработените лица бесплатно да се запишат на некоја од академиите и со тоа да направат кариерна промена, бидејќи секој од нас сака да учи нови работи, да остварува нови контакти, но не секогаш е подготвен да одвои поголеми материјални средства како и време. Семос Едукација исто така нуди и избор на следење на обуките што уште еднаш е за пофалба. Затоа решив да правам кариерна трансформација токму во Семос Едукација.
Моето искуство е позитивно, ги испилни моите очекувања, обуката беше одлично осмислена и изведенa преку модулите и предавањата, се изучи суштината на софтвер тестирањето кое што ми беше доволно да го положам испитот а потоа и да работам. Ми беше задоволство што бев дел од таа обука, запознав прекрасни луѓе од кои и предавачи кои несебично го пренесуваат своето знаење и искуство, што резултираше до професионален развој. Уште еднаш изрзувам благодарност до Семос Едукација.
Кажи ни нешто за себе. Која е Драгана?
Драгана е личност која што е многу љубопитна а љубопитноста води до нови сознанија и доусовршувања, верувам дека секогаш треба да сме подготвени да научиме нешто ново бидејќи учењето не е процес кој завршува. Моето претходно формално образование вклучуваше воспитно образовна дејност и работа со дечиња со специјални потреби. Сметав дека треба да го инвестирам своето време и капацитет во една нова и повеќе перспективна професија како што е Software Testing.
Зошто се одлучи за Software Tester?
Бидејќи веќе пројавував афинитети за ИТ сверата, имајќи ја таа пасија одлучив да ја следам обуката за Software Tester. Сметав дека одговара на ова денешно иновативно и дигитално општество, но и мисла која што ме водеше беше подобра работа и работа од било каде, што и успеав во тоа што го посакував. Software Tester e одлична професија за сите кои сакаат константно да изучуваат и напредуваат затоа што тоа е динамична професија каде можеш постојано да се унапредуваш себе си.
Како ти помогна обуката во тоа што го работиш денес?
Со оглед на тоа дека започнав без предзнаење за софтвер тестинг, морам да кажам дека обуката ми помогна многу. Благодарение на сите предавачи и начинот на пренесување на знаења кој беше доста темелен, јасен и разбирлив за нас студентите, но и практичните вежби и интеркативни примери, како и работата на реалниот проект ми помогна практично да ги применам знењата, да развијам нови способности и вештини кои се клучни за оваа професија и понатаму да ги практикувам, прошитувам и усовршувам.
Кои се квалитетите што сметаш дека секој студент треба да ги има за да биде успешен во идната кариера, и која е твојата порака до студентите?
Квалитети кои сметам дека треба да ги поседува секој студент се: желба за нови знаења, упорност и истрајност во тоа што сакаат да го постигнат. Би им препорачала да ја одберат обуката за Software Tester без разлика на тоа дали имаат или немаат предзнаења од оваа категорија, затоа што посветеноста и професионалноста на обучувачите како и осмисленоста на модулите ќе им помогне прво да научат техники и технологии на тестирање, потоа да ги применат а пак со тоа да развијат нови кариерни вештини и така ќе ги зголемат хоризонтите на вработување.