Во периодот кога бев подготвена да направам промена во мојата кариера, секоја можност за професионален раст беше од голема важност. Изборот на Семос Едукација не беше случаен – препознав дека токму оваа институција има визија и капацитет да ме насочи во вистинскиот правец кон светот на ИТ. АВРСМ курсот што го посетив беше од извонреден квалитет, со високо посветени предавачи кои вложија труд и внимание за сите ние, независно од нашето претходно искуство, да се вклопиме и да се стекнеме со потребната експертиза во избраната област. Токму оваа поддршка и насочување го означи мојот почеток во ИТ индустријата и отвори нови хоризонти за мојата професионална реализација.
Кажи ни нешто за себе. Која е Елена?
Би започнала од фактот дека сум креативна и амбициозна личност пред се.
Желбата за постојано кариерно надоградување ме води кон секојдневно осознавање на нови области и технологии. Како динамична личност секојдневно си поставувам предизвици, како пронаоѓање на некое ново хоби или надградување на долгогодишно, фотографирање, уметност... Многу е важно да се биде во тек со сите настани посебно од нашата област, јас практикувам посетување на курсеви, работилници и настани каде би имала networking со професионалци од ИТ областа.
Зошто се одлучи за обуките за Python и .Net?
Како личност која постојано се стреми кон усовршување, чувствувам голем интерес кон програмирањето, а познавањата што ги имав од претходно ме мотивираа да изберам да учам Python. Python е многу корисен за различни апликации и го сметам за идеален јазик за дополнување на моето знаење. Од друга страна, одлучив да се усовршам во .Net бидејќи тоа е алатката со која работам на тековното работно место. Сакам да станам експерт во оваа област и да го изградам своето професионално портфолио со примена на овие технологии.
Можноста за пракса ја пронајде на Кариерниот Саем, а потоа праксата премина и во вработување. Кажи ни нешто повеќе околу тоа.
Многу сум благодарна на Семос Едукација за Кариерниот Саем, кој беше значајна пресвртница во мојата кариера. На саемот имав можност да се сретнам со врвни професионалци од ИТ индустријата, да го тестирам и покажам своето знаење и да ги применам научените вештини во реална практика пред фирмите. Ова искуство ми донесе повеќе интервјуа и на крај ми помогна да ја најдам фирмата во која денес работам – Edusoft. Многу сум благодарна на Edusoft што го препознаа мојот потенцијал, ми понудија пракса и, по успешната соработка, ме интегрираа во нивниот тим како вработена.
Кои се квалитетите што сметаш дека секој студент треба да ги има за да биде успешен во идната кариера, и која е твојата порака до студентите?
Секој студент самиот го гради својот кариерен пат, и од суштинска важност е да се научиме да го почитуваме нашиот потенцијал и да веруваме дека ќе успееме. Дисциплината е клучна – таа ни овозможува да работиме неуморно на себе, да ги совладуваме сите предизвици и да се надоградуваме секојдневно. Пречките не треба да нè заплашуваат; напротив, тие се неопходни за да се изградиме како личности. На моите колеги-студенти би им порачала да бидат упорни, да се фокусираат на континуиран развој и да ја користат секоја прилика за учење и за подобрување на своите вештини.