Запознај се со Горјан Петровски слушател на обука за Регрутер! По завршувањето на обуката за регрутер на АВРСМ во соработка со Семос Едукација, Горјан не само што се стекна со нови вештини, туку и го отвори патот за вработување како HR Administrator во компанијата Zegin.
Зошто ја избра Семос Едукација?
Соочувањето со предизвиците од промената во кариерата беше инспирација за пронаоѓање на нова насока. Семос Едукација се појави како совршено решение што ги обединува моите интереси и потребата за професионален развој. Преку нивните програми, открив нова перспектива која ми помогна да ги канализирам моите вештини во насока на успех.
Кажи ни нешто за себе. Кој е Горјан?
Здраво, моето име е Горјан. По професија сум дипломиран економист на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Имам 30 години и активно се бавам со спортови во природа, многу сакам вкусна храна и секогаш сум расположен за стекнување нови пријателства.
Зошто се одлучи за обуката за Регрутер?
Одлучноста да ја сменам насоката во мојата кариера се покажа како вистински чекор, особено со можноста што ја добив преку АВРСМ за обука како Регрутер. Овој модул беше клучен за мојот развој, отворајќи ми врати кон современи вештини и техники кои веднаш ги применив во секојдневното работење.
Како ти помага обуката во тоа што го работиш денес?
Знаењата кои ги стекнавме преку обуката за Регрутер, се многу применливи во секојдневното работење. Одличните предавачи и концептот на предавањата каде преку реални примери беше споделувано искуството на експерти од областа се од огромно значење. Концептот на предавања кој комбинираше теорија со практични вежби ми помогна да ја разберам комплексноста на процесите во човечките ресурси и да се подготвам за предизвиците на работното место.
Кои се квалитетите што сметаш дека секој студент треба да ги има за да биде успешен во идната кариера, и која е твојата порака до студентите?
Истрајност, храброст, амбиција и постојана желба за нови знаења се водечки принципи во личниот и професионалниот живот. Сметам дека секој успех е резултат на вложен труд, посветеност и храброст да се излезе од комфорната зона. Верувам дека, без разлика на предизвиците, треба да се стремиме да го дадеме најдоброто од себе во сè што правиме.
Уште си невработен и сакаш кариера во IT индустријата? Погледни ги бесплатните обуки што ги нудиме и започни го патот кон успешна кариера!